20 Мај, 2024
0.0264

Кредити: Банките имаат пари, ама се помалку има кој да ги користи!

Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

За прв пат во оваа 2012 та година  банкарите обелоденија дека побарувачката на кредити е намалена. Во најновата Анкета за кредитната активност во третиот квартал, се посочува дека до сега менаџерите на банките тврделе дека има зголемена побарувачка или пак дека нема промени во побарувачката на кредити. Но, во третиот кавртал е забележен нов тренд. “Во поглед на побарувачката, како и во претходната анкета, и во текот на третиот квартал, одговорите на банките се поделени помеѓу согледувања за главно непроменета побарувачка за кредити и раст на побарувачката. Притоа, за првпат во оваа година, 10% од одговорите упатуваат и на намалена кредитна побарувачка. “ - пишува во октомвриската анкета на НБРМ Банкарите посочиле дека кај кредитрањето на населението нема промена во условите за одобрување на кредити, но расте бројот на банки што укажале на тоа дека нема ниту олеснување на постапката. Во третиот квартал од годинава нема промена на каматните стапки, но затоа имало промена во условите за хипотекарните кредити. “Резултатите од анкетата укажуваат на непроменети каматни и некаматни услови, со исклучок на барањата за обезбедување, за кои околу 35% од одговорите и натаму упатуваат на умерено заострување“ - пишува во анкетата на НБРМ. Во третиот квартал од годината, само 12,6% од банакрите изјавиле дека има намалување на каматната стапка наспроти 34% во претходниот период. Причината за заострување на условите за кредитирање, според банкарите се очекувањата за натамошни ризици. Како клучни фактори што предизвикуваат промена во условите на кредитирање се посочуваат: -Очекувањата за перспективата на стопанската гранка на која и припаѓа фирмата-барател на кредит -Очекувањата за вкупната економска активност -Ризик од неизвршување на обезбедувањето

Истражувањето покажува дека фирмите најмногу барале кредити за обезбедување на залихи и обртен капитал, потоа за преструктуирање на долгот и на крајот за инвестиции во средства, при што се заблежува намалување на побарувачката за овој сегмент.

ОЧЕКУВАЊА : КАКО ЌЕ ЗАВРШИ 2012 ТА ? Без значајна промена во каматните стапки, но со поделени мислења дали кредитирањето ќе биде уште порестриктивно, банкрите ги сооштија своите последни оценки и очекувања за годината што изминува. Услови за кредитирање : 50% од одговорите укажуваат на тоа дека не се очекува промена во кредитните услови 43% од одговорите укажуваат на тоа дека се очекува заострување на критериумите Побарувачка на кредити : 60% од одговорите укажуваат на очекување за делумно зголемување на побарувачката 40% од одговорите укажуваат на очекување дека нема да има промена на страната на побарувачката Поголемиот дел или 77% од одговорите на банкарите се однесуваат на тоа дека условите за станбени кредити ќе останат исти, додека останатиот процент очекуваат делумно олабавување. При одобрување на кредитите и натаму како клучни фактори остануваат бонитетот на клиентот, способноста за отплата, приходите и понудениот инвестициски проект. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома