Koвид статистиката денеска доцни, еве и зошто
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Октомври, 2020
Доцнат бројките за заразени од коронавирусот за 24 часа.
„Министерството за здравство се извинува до медиумите и јавноста за денешното доцнење со информирањето за состојбата со ковид-19 во нашата земја. До овој момент сѐ уште не е испратена дневната статистика од Институтот за јавно здравје. Веднаш штом пристигне дневниот извештај, истиот ќе биде проследен до јавноста“, информираат од Министерството за здравство.
Деновиве имаше висока бројка на заразени.
Mинатата недела бројките се движеа скоро накај 400 заразени на дневна основа.