30 Април, 2024
0.0268

Koронавирусот и натаму е мистерија и непредвидлив

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека коронавирусот и натаму е непредвидлив, и дека се непознати уште многу работи за него.

„Постојат случаи на реинфекција, односно лице кое прележало коронавирус, повторно да се инфицира. И натаму се непознати многу работи со вирусот, и сега се испитуваат. Некои имаат антитела, некои немаат антитела по прележување на вирусот. Сега се испитува дали овој нов сој кој полесно се шири може да се врати кај оние кои во минатото прележале коронавирус“, рече Филипче.

Во Македонија е присутен британскиот сој на коронавирусот. Во повеќе градови како Охрид, Прилеп и Кавадарци периодов имаше раст на бројот на заболени. 

Во Европа веќе ја има и бразилската мутација која се смета за особено опасна. 

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), глобалната смртност од ковид-19 се намалила за 20% во периодот од 15 до 21 февруари, во споредба со претходниот просек од една недела.

Трендот на опаѓање на смртноста трае шест недели по ред, според редовниот неделен извештај на СЗО, пренесуваат агенциите.

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање