МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена
Објавено во: Македонија 29 Април, 2024
Изет Меџити, претседател на партијата Демократско движење, која е дел од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, изјави дека по изборите на 8 мај не сакаат да бидат дел од некоја влада која нема да биде европски настроена.
Меџити рече дека единствено со партијата Левица не би сакале да бидат дел од иста влада затоа што, како што наведе, таа е антиевропски настроена.
„Другите, кој повеќе кој помалку, се европски настроени. Наш приоритет е европската интеграција“, рече Меџити.