13 Август, 2020
0.0401

Колку работодавци и работници добиле финансиска поддршка за три месеци?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 09 Јули, 2020

Управата за јавни приходи  информира колку работодавци и работници добиле финансиска поддршка во март, април и мај поради кризата. 

„Управата за јавни приходи активно се вклучи во сите процеси и фази за спроведување на овие мерки почнувајќи од учество во изготвување на уредбите, поставување на обрасците на електронските платформи  на УЈП, софтверско прилагодување на системите на УЈП во фаза на прием и обработка на поднесените барања како и достава на точна евиденција до институциите надлежни за исплата на финансиската поддршка“, информираат од УЈП.

Мерка - финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од коронавирусот за месец април ја искористиле 19.743 работодавачи, а се опфатени 128.409 вработени, во износ од 1.792.970.895 денари

За мај мерката ја искористиле 19.956  работодавачи и се опфатени 118.069 вработени, во износ од 1.646.458.185 денари

За јуни мерката ја искористиле 15.326 работодавачи, а се опфатени 73.381 вработени, во износ од 1.019.290.267 денари.

Мерка - финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност предизвикана од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за месеците април, мај и јуни 2020 година:

 -  за април мерката е искористена од страна 5.792 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 83.984.000 денари

   - мај мерката е искористена од страна 5.985 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 86.782.500 денари

- јуни мерката е искористена од страна 5.838 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 84.651.000 денари

  • Мерка- субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вондредна состојбаодобрени се: за април 2.531, за мај 2.463 и за  јуни 2.101 барања.
  • Мерка - субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID-19 за време на траење на вонредната состојба за месец, јуни, јули и август 2020 година досега поднесени 68 барања.
  • Мерка - ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за време на траење на вонредна состојба т.е за месеците март, април, мај, јуни и јули се одобрени 973 барања.
  • Мерка- ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход  за време на траење на вонредна состојба т.е за месеците март, април, мај, јуни и јули се одобрени се 707 барања.

Управата за јавни приходи исто така  учествуваше и во спроведување на  мерката за издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги како финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19, и мерката - издавање и користење на ваучери за поттикнување на домашниот туризам во услови на намалена економска активност заради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19.

Можеби ќе ве интересира

Нема да можете да плаќате сметки во пошта, еве зошто...

Нема да можете да плаќате сметки во пошта, еве зошто...

КХВ: Укината дозволата на Дирекцијата на Еуростандард, пазарот останува стабилен

КХВ: Укината дозволата на Дирекцијата на Еуростандард, пазарот останува стабилен

ПАД ВО ТУРИЗМОТ ЗА 95 ОТСТО: Мал број Срби, Турци, Бугари, Албанци сепак шетале низ Македонија

ПАД ВО ТУРИЗМОТ ЗА 95 ОТСТО: Мал број Срби, Турци, Бугари, Албанци сепак шетале низ Македонија

Отворете сметка или депозит во Халкбанк и добијте ваучер за да се почестите на наша сметка

Отворете сметка или депозит во Халкбанк и добијте ваучер за да се почестите на наша сметка

Се огласија винариите и трговците со вино: Откупните цени се мали затоа што државата не помага

Се огласија винариите и трговците со вино: Откупните цени се мали затоа што државата не помага

Берзата трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство

Берзата трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство

ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ ДО ШТЕДАЧИТЕ - ќе има известување кога и преку кои банки ќе тече обесштетувањето

ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ ДО ШТЕДАЧИТЕ - ќе има известување кога и преку кои банки ќе тече обесштетувањето

КОРИСНИЦИТЕ НА СЕФОВИ ДА БИДАТ МИРНИ: Ќе си ги земат вредните предмети откако ќе почне со работа стечајниот управник

КОРИСНИЦИТЕ НА СЕФОВИ ДА БИДАТ МИРНИ: Ќе си ги земат вредните предмети откако ќе почне со работа стечајниот управник

Нина Ангеловска го демантира ВМРО-ДПМНЕ за депозитот во Еуростандард

Нина Ангеловска го демантира ВМРО-ДПМНЕ за депозитот во Еуростандард