21 Мај, 2024
0.0279

Колку пари има во бизнисот со цигари?

Објавено во: Економија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Бизнисот со цигари и тутун и покрај многубројните строги ограничувања и останува економска дејност од која може да се егзистира пристојно.  Најголемата тутунска компанија во седиште во Македонија е „Империјал тобако ТКС Скопје“. Неговиот оперативен профит лани е 10 отсто од приходите од продажба

„Империјал тобако ТКС Скопје“ лани оствари приходи од продажба во износ од 33,6 милиони евра и добивка по оданочување во износ од 3,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци јавно достапни во извештајот на независната ревизија на најуспешната тутунска компанија во земјава , поранеше Тутунски комбинат Скопје кој е дел од меѓународната корпорација „Империјал тобако“.

Податоците покажуваат дека приходите од продажба лани во однос на 2017 година се пониски за 7,7 милиони евра односно за 19 отсто. Најголема расходна ставка во билансот лани биле материјалните трошоци на кои отпаднале 21,3 милиони евра. На трошоци за вработените лани биле издвоени 3,8 милиони евра, а вкупните трошоци од работењето изнесуваат 30 милиони евра и се за 6,1 милиони евра пониски од 2017 година.

Нето добивката на оваа компанија е 2,75 милиони евра и во споредба со 2017 година е пониска за 1,5 милиони евра.

Оваа компанија е во доминантна сопственост на словенечката тутунска компанија „Тобачна Љубљана“ која контролира 99 отсто од акциите со право на глас. Словенечката компанија е дел од групата „Империјал тобако Груп“ со седиште во Бристол, Велика Британија.

Во Империал тобако ТКС Скопје приближно 180 вработени произведуваат шест брендови цигари за домашниот пазар, од кои еден годинава слави 30 години на пазарот, кој истовремено има 30 отсто пазарен удел. Брендовите на Империал тобако во моментов имаат околу 60 отсто удел на македонскиот пазар. Оваа компанија во 2017 година за прв пати во период од 6 години исплати дивиденда во вкупен износ од13,3 милиони евра.

Само за споредба, единствениот домашно поседуван производител на цигари е прилепскиот „Тутунски комбинат“. Оваа компанија лани имала приход од продажба во износ од 15,4 милиони евра и има загуба поголема од 3 милиони евра.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте