21 Мај, 2024
0.0394

Колку кошта одржување на државната управа?

Објавено во: Економија 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

СОЗР за девет месеци склучи 34 договори за тендери на кои ќе се потрошат повеќе од 7,5 милиони евра. Што ли нема: од одржување хигиена, клими, копири и лифтови, набавка на храна, кафе и пијалоци, сервисирање на возила и набавка на нови, осигурување авион и пилоти, сервис на блиндираниот мерцедес, набавка на икебани, знамиња и одржување јарболи.

Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), главен и единствен орган задолжен за логистичка поддршка на сите министерства од почетокот на годинава досега склучила 34 тендери за набавка на стоки и услуги за потребите на Владата и на министерствата. Се набавуваат стоки и услуги од храна, пијалоци, цвеќе и саксии, фиксна и мобилна телефонија, резервни делови за возила, сместување во хотели во земјава и странство, до ангажмани на хигиеничарки и оперативен лизинг на возила. Убедливо најголем и најмрсен е последниот тендер за одржување хигиена во министерствата и нивните подрачни единици за 4,03 милиони евра. За таа набавка се наменети повеќе од половина од сите пари кои ќе бидат потрошени на сите 34 тендери.

Колку ќе плати државната управа за телефони ?

СОЗР склучи два договори за потребите на државната управа и тие се услуги од мобилна телефонија и за фиксна телефонија. За службени мобилни телефони е склучен договор вреден 292.680 евра. За фиксна телефонија договорот вреди 121.950 евра. Освен тоа СОЗР годинава набавува и телефонска централа за 20.833 евра.

Колку се троши за одржување, сервис и за лизинг на возила?

Возилата за кои е задолжена СОЗР е значајна расходна ставка и за нив се склучени 4 договори по тендери. Најголем е тендерот за оперативен лизинг на нови возила и за него СОЗР ќе плати 1,78 милиони евра. Ова е втор по вредност договор по оној за услуги за одржување хигиена. За сервисирање на возила СОЗР има уште еден тендер вреден речиси 96.000 евра, а за резервни делови за возилата планира да потроши уште 48.000 евра. Посебна набавка е правена само за сервис на блиндираниот мерцедес за кој во јавноста многу се говореше, а за чија набавка веќе има и судска пресуда од Основен суд. За неговото одржување СОЗР ќе плати 32.520 евра. Дополнително за осигурителни полиси на возилата ќе бидат платени 35.770 евра. Тендер има и за осигурување на екипажот, авионот за владиниот авион „Лирџет“ и за тоа се наменети 20.490 евра.

Колку се троши за храна, кафе и пијалоци?

Од достапните податоци се гледа дека СОЗР од почетокот на годинава досега склучила шест тендери. Од нив еден е за набавка на различни видови кафе и тој е вреден 17.270 евра. За набавка на зеленчук и овошје ќе се потрошат 25.260 евра, а за храна и пијалоци 62.341 евра. Посебен тендер има за пилешко месо и тој е вреден 19.446 евра, а уште еден тендер има за свежо месо и за него се наменети 32.236 евра. Уште еден тендер има за газирани сокови и за нив ќе се платат 16.309 евра.

Колку се троши на одржување и затоплување?

СОЗР има распишано тендери и склучено три договори за одржување во објекти и еден тендер за набавка на гориво за затоплување. За одржување на клима уреди се планирани 32.810 евра, а за лифтовите се планирани 18.420 евра, а за сервисирање на копир апарати се наменети 16.310 евра.


Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте