21 Мај, 2024
0.0268

Кој ќе управува со бизнисите на Енвер Малиќи?

Објавено во: Економија 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Резарта Малиќи Салиу ќе управува со главните компании на својот татко Енвер Малиќи, еден од најпознатите и најбогатите македонски бинзинсмени, кој почина пред две недели. Покрај Резарта, Малиќи ги има и двата сина Алтин и Албан.

Изминатата недела Резарта е поставена за привремен управител на градежната компанија Имморекс Македонија на местото на Енвер Малиќи како привремен управител од шест месеци со согласност на потесното семејство. Имморекс Македонија инаку го градеше комплексот „Парк резиденс“. Семејството Малиќи има уште еден препознатлив бизнис во „Паркленд хоспиталит груп“ кој управува со хотелите а е во сопственост на „Гемак Трејд“.

На крајот од изминатиот месец Резарта како генерален директор на „Гемак Трејд“ е ополномоштена како прокурист на трговското друштво со широки овластувања да ја застапува компанијата, која инаку беше во сопственост на починатиот заменик-градоначалник на Скопје.

Малиќи создаде деловна империја од бизниси во трговија, телекомуникации и хотелиерство. Од успешен трговец навлезе и во другите дејности и лани неговите друштва остварија вкупни приходи кои надминаа 43 милиони евра

Бизнсменот од голем формат во јавноста пред се беше познат како увозник на повеќе реномирани глобални брендови и особено по премиум брендовите за светски познати алкохолни пијалоци. Малиќи почина од компликации кои настане како последица од корона вирусот.

„Гемак трејд“ со седиште во Скопје и регистрирана за посредување во трговија со храна, пијалоци и тутун.беше најголема старт-ап компанија и генератор на другите бизниси. Во нашата широка јавност оваа фирма е препознатлива како увозник на висококвалитетни глобално популарни алкохолни пијалоци.Лани „Гемак Трејд“ бил на ниво од претходната година. Приходот на компанијата изнесува 38,9 милиони евра. Профитот изнесува 1,12 милиони евра и е за 42 отсто поголем од претходната година. Основач и единствен сопственик на оваа фирма беше Енвер Малиќи.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте