Кој е в.д градоначалникот на Штип?
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020
Градот Штип доби в.д. градоначалник.
Советниците денеска на 40-та онлајн седница на Совет на Општина Штип за вршител на должност градоначалник на Општината го назначија Јане Миланов.
Тој претходно ја извршуваше функцијата заменик градоначалник oткако Благој Бочварски стана министер за транспорт и врски.
Миланов бил и единствениот предлог за оваа позиција.
Миланов функцијата в.д. градоначалник на Општина Штип ќе ја извршува до предвремените избори за градоначалник, кои ќе се одржат на 13 и 27 декември.
Миланов денеска пред новинарите истакна дека ќе продолжи со тековните проекти и секојдневни обврски на локалната самоуправа со цел непречено одвивање на функционирањето на градот и граѓаните.
И во Пласница ќе има избори. И оваа општина остана без градоначалник откако Исмаил Јахоски беше избран за пратеник.