20 Мај, 2024
0.0292

Кој е мотивот на Макпетрол да селектира новинари?

Објавено во: Економија 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Макпетрол на денешната прес конференција очигледно имаше селективен пристап кон новинарите, односно само преку потврдена листа одобруваше влез на медиумите. Прашањето е зошто Макпетрол на еден важен настан не сака присуство на новинари кои најдобро ги следат актуелните случувања, како со компанијата така и со пазарот, особено што и досега постоеле обиди од компанијата да не враќа одговори на анализите кои Фактор ги обработува?

Главната цел поради која Фактор имаше намера да присуствува на пресот е да постави неколку прашања кои се од интерес за инвестициската, но и пошироката македонска јавност. 

Ни требаат одговори до каде е постапката за преземање на Макпетрол и во која институција е заглавен процесот? Помина речиси една година од објавата на намерата на Балкан Петролеум, но има молк кај надлежните институции што се презема во овој период за да се разјасни ситуацијата и дали постапката е се уште активна што може да влијае врз вредноста на акциите на Макпетрол. 

По објавата, пазарната цена на акциите почна да расте, а „Макпетрол“ од тогаш до сега значајно го подобри своето финансиско работење, додека пак добивката постојано се прераспределува за откуп на сопствени акции.

Меѓу другите прашања кои не интересираат како редакција на Фактор се и колкаво е пазарното учество на „Макпетрол“ во малопродажба на нафтени деривати за првите осум месеци во однос на „Лукоил“? 

Има ли простор за оптимизам дека со новата Влада ќе ги надминете недоразбирањата и незавршените судски спорови за сопственоста врз ГАМА?

Дали Макпетрол се задоволни од резултатите или работат на тоа да ги зголемат приходите од продажба на стоки за широка потрошувачка на бензинските пумпи? 

Очекуваат ли РКЕ да ги земе во предвид нивните аргументи за утврдување на трговската маржа за нафтени деривати и дали во блиска иднина може да очекуваме на пумпите да има малопродажни цени кои би биле пониски од максималните пропишани?

Не интересира и за членството на ќерката и зетот на Андреа Јосифовски во Управниот и Надзорниот Одбор на Макпетрол. Дали со нивното членство во раководните тела Макпетрол стана семејно управувана компанија?

Ова се прашања на кои компанијата треба да биде подготвена секогаш да ги одговори како во интерес на инвеститорите, така и на јавноста. Недавањето пристап на редакцијата на Фактор или било која друга медиумска куќа треба да биде и објаснето. 


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра