21 Мај, 2024
0.0287

Кои се господарите на струјата на македонскиот пазар?

Објавено во: Економија 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Македонскиот пазар на електрична енергија на големо и мало (снабдувачи и трговци) лани генерирал продажби на струја вредни  322 милиони евра. На пазарот учествувале како снабдувачи или трговци вкупно 42 компании, дел од енергијата завршил на нашиот пазар, а дел во извоз. Клучни играчи се во тоа време домашната компанија ЕДС (подоцна продадено на грчкото државно електростопанство) и ГЕН-И (словенечка компанија)

Македонскиот пазар за електрична енергија на струјата се продава по пазарни цени (н.з. не се однесува на домаќинствата чии цени ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика РКЕ)  и лани генерирал приход од 322 милиони евра . На неговите два сегменти: слободен пазар (големи и мали потрошувачи) и слободен пазар на големо (н.з. вклучува и енергија што транзитира низ нашата преносна мрежа) тргуваат вкупно 42 компании, покажуваат официјалните податоци објавени од РКЕ во нивниот годишен извештај за 2018 година јавно достапен на нивната веб страница.

Податоците покажуваат дека цените на двата пазарни сегменти лани пораснале во однос на 2017 година. И тоа на сегментот слободен пазар (големи и мали потрошувачи) просечната цена е 56,7 евра за мегаватчас електрична енергија и во однос на 2017 година пораснала за 14,6 отсто. При тоа на подсегментот на големи потрошувачи просечната цена е 57,4 евра за мегаватчас и во однос на претходната година е повисока за 12,4 отсто. На подсегментот на мали потрошувачи просечната цена е 55,5 евра и таа пораснала за 24 отсто во споредба со 2017 година.
На подсегментот слободен пазар на големо просечната цена е 54,4 евра за мегаватчас и таа во однос на 2017 година е повисока за 14 отсто.

Р.Ф.



Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте