Ќе биде одобрена и петтата руска вакцина против коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Август, 2021
На повидок е петтата руска вакцина против коронавирусот која ќе овозможи да се спречи ширењето.
Кон крајот на јуни, Центарот „Вектор“ поднел документи за регистрација на вакцината „Епивакорона-Н“. Се очекува да биде одобрена месецов. Раководителката на Центарот, Рината Максјутова вели дека документите веќе се доставени во Министерството за здравство.
Во Русија сега во промет има четири вакцини против коронавирусот и тоа „Спутник В“, „ЕпиВакКорона“, „Ковивак“ и „Спутник лајт“. Русија изминатиов период имаше зголемен број на заразени и починати од коронавирусот.