20 Мај, 2024
0.0248

Казните не важат за богатите!

Објавено во: Економија, Колумни 04 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Пред некој ден требаше да оставам документ кај еден пријател, се паркирав пред неговата зграда, пуштив трепкачи, претрчав најбрзо што можев, мислам дека не помина ни минута, две откако се вратив, кога на шофершајбна забележувам казна за паркирање. Човеков од Паркинг -служба, најверојатно и бил тука цело време, како некој ловец во савана кој чека во заседа и бара жртви. Кога му се пожалив дека колата неполни две минути е паркирана на местово и дека не треба да ми пишува казна, ги поткрева рамената и апсолутно рамнодушно ми вели, -,,Извини друже ама јас не гледам на гравчиња, од каде да знам кој колку ќе остане паркиран на едно место, јас само си ја работам својата работа.   Видов, не видов, си кажав ,,некои работи,,, и отидов да платам казна!  Ред и дисциплина треба да има, но некако имам впечаток дека казните не важат подеднакво за сите. А деновиве, баксуз невиден ме бие!. Викендов на пат за Охрид возам со нормална брзина, автомобили ме претекнуваат, не се оптеретувам, бидејќи не се брзам, дали ќе стигнам за 10 минути порано или подоцна, не ми менува ништо. И така возејќи, пред Охрид, ,,шишкаат,, коли со непрописна брзина, и од сите тие сообраќаецот мене најде да ме застане, а возам како желка! Крена рака за да застанам. А јас како совесен возач, застанувам без страв дека нешто погрешно сум направил. - “Господине возевте 67 км на час, а овде има ограничување од 60 км на час, мораме да ви пишеме казна, ќе платите на лице место 50 евра, или ќе треба да ви бидат внесени казнени поени во возачката книшка. Му велам, а автомобиливе кои пред мене поминаа зошто не ги застанавте нив, возеа над 100 км на час? Братче таква ти била среќата што да ти правам...И веќе нема дискусија, нема разубедување...и уште ми вели ако имаш некоја врскичка, ургирај може ќе ти ја избришат! Имам впечаток дека малите прекршители (а тоа најчесто се најсиромашните луѓе, кои немаат заштита) се први на удар! За разлика од големите прекршители. Дали казните се за секого? Дали сме сите еднакви и рамноправни! Тогаш зошто еден фукционер, пратеник да не плаќа патарина, па зарем тој не го амортизира автопатот! Или пак зошто новиот закон за придонеси за задолжително социјално осигурување на приходот остварен по договор на дело и авторски деговор за секој хонорар кој надминува износ над минимална плата, да не се однесува на сите граѓани!  Зошто да има ослободување за судии, функционери, пратеници и други категории дефинирани со закон. Можеби ова се мали и безначајни примери, но тие сепак создаваат впечаток за неправедност и различни аршини за различни луѓе. Сивата економија треба да се евидентира, се согласувам, но тоа треба да биде етапно и постепено. Но законот треба да биде ист за сите! Можеби грешам, некој ќе рече, во економијата се разговара со бројки, и само тогаш можат да се даде одредена констатација. Да, така е, се согласувам. Но впечатокот е оној психолошки момент кој прави нештата да бидат подносливи или не, бидејќи се е од главата! Бидејќи ако имаме впечаток за нешто дека не е добро, така и ќе мислиме, без оглед на фактите. Можеби ќе дочекаме да се појави еден современ Робин Худ, кој ќе зема од богатите, а ќе им дава на сиромашните, па ќе се создаде некаков баланс. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра