20 Мај, 2024
0.0343

КАЗНАТА ОД 2.000 ЕВРА СИ ЈА ПРЕСМЕТУВААТ ВО ТРОШОКОТ ЗА ПРОСЛАВА: Кога ќе почне да се намалуваат алармантните бројки на новозаразени

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

И вџашени од бројките и повторно недисциплина, непослушност, неодговорност, непочитување на тоа што значи единствена заштита од епидемијата во моментов. Здравствените власти секојдневно повторуваат да се носат маски, да се држи потребното неризично растојание кое месеци наназад го утврдија светски признати епидемиолози, а тоа е нешто помалку од два метри, или да бидеме прецизни, нивните пресметки се 1.8 метри, да се мијат рацете и да нема големи собирања.

Дел од епидемиолозите, но и останатите лекари одговорно тврдат дека ова што сега се случува во Македонија не е втор бран на корона вирусот, од кој во изминативе 100-тина дена борбата ја загубија 247 пациенти. Според нив овие загрижувачки бројки на заразени и на починати лица од Ковид-19  се само поради фактот дека се уште голем дел од граѓаните остануваат глуви на сите апели, на сите молби да се стрпат од дружење и да почнат да веруваат дека Ковид-19 е сериозно вирусно заболување кое носи фатални последици.

-Вчера имавме 9 починати, во саботата 11, најмногу за еден ден од март наваму, секој ден по пет, шест, осум. Уште колку време ќе треба за да сфати овој народ дека заразата не смее понатаму да се шири. Прво не веруваа, па сега дури и ја кријат болеста и потоа во најтешката фаза на заболувањето бараат лекарска помош. Е предоцна е, едногласно се согласуваат лекарите и од Комисијата за заразни болести, и од Инфективната клиника и од Итната медицинска помош.

Од Комисијата за заразни болести уверуваат дека епидемиолошката крива ќе почне да опаѓа, појаснувајќи дека бројот постепено ќе се намалува, од рекордните 196 од 13. Јуни, како што велат по десетина дена прв пат вчера има под 90 заразени граѓани со корона вирусот. Овој тренд на намалување на бројот може да продолжи единствено ако се престане во моментов со сите прослави кои се прават ширум земјава. Тоа е она што најмногу загрижува, вели директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова и додава дека секој ден се прави некој роденден, веридба, слава...

Истовремено, и од Државниот пазараен инспекторат сметаат дека ваквите големи собири се вистински ризик епидемијата да опстои уште долго време со високи бројки на новозаразени граѓани. Директорот Стојко Пауновски вели дека едноставно не може да постигнат со увиди на лице место каде што луѓето нешто слават.

-Во почетокот можеби и можеа да речат дека не знаеле, дека не слушнале дека големите собирања се најголем ризик за пренесување на болеста, но по повеќе од 100 дена тоа е веќе незамисливо образложение. Мора нешто да се прави, дали е свадба, крштевка, матурска прослава како онаа што беше во Делчево, се нешто има за славење. Не знаеме повеќе како да им објасниме. Каде што не помага зборот, правиме записници, поднесуваме кривични пријави, во постојана соработка сме со финансовата полиција и со полицијата и нашите инспектори заедно со нив одат на терен. Инспекциите ги правиме на повик, но би сакал да кажам дека некои од оние си ја имаат пресметано и казната од 2.000 евра во трошокот за прославата, па и по заминувањето на инспекторите фештата продолжува. Затоа следуваат и кривични пријави, па до сега поднесовме повеќе од 60, вели во разговорот за Фактор, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Пауновски.

Според лекарите, по создавањето на кластерите, следува исцрпувачки период за екипите кои земаат брисеви за тестирањата. Затоа од Комисијата за заразни болести предлагаат вторите тестови кои би требало да ги прават членови на едно семејство, а се во различни денови, да не мора тим од Центарот за јавно здравје да оди по неколку пати во истиот дом, туку, целото семејство да дојде во Центарот за јавно здравје, при тоа запазувајќи ги сите протоколи и мерки за заштита на здравјето на сотанатите.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат