20 Мај, 2024
0.0285

Капитален фонд за поддршка на инвестиции!

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Македонија 2025 и СЕАФ ќе формираат нов капитален фонд за инвестиции ориентиран кон раст на македонските претприjатија. Формирањето на фондот СЕАФ Македонија I, го најави денеска организацијата на глобалниот инвестициски форум што се одржува во нејзина организација во Охрид. Покрај инвестирањето, членовите на Македонија 2025, кои се група успешни претприемачи и извршни директори на светски бизниси кои имаат македонски корени и живеат во САД, Канада, Европа и Австралија, ќе им нудат и менторства и пристап до пазарите на македонските претприемачи. - Ова е прв фонд од ваков тип каде дијаспората е катализаторот и водечки инвеститор кој става акцент на татковината и на регионот. Со огромно задоволство ќе соработуваме со СЕАФ со цел да направиме еден успешен фонд и да го трасираме патот за нови фондови, истакна Мајк Зафировски, претседател на Одборот на директори на Македонија 2025. - Нашата цел е да се шириме како мрежа и да и помогнеме на нашата родна земја.  Не очекуваме ништо за возврат, само гордост и се надеваме дека Македонија ќе стане попросперитетна земја, рече Зафировски. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, дијаспората досега не беше присутна со инвестиции,  но, како што рече, логистички помагаше во напорите на Владата за организација инвестициски форуми, воспоставување контакти со други компании кои сакаат да инвестираат, како на пример инвестицијата на „Кемет електроникс“, што вчера беше пуштена и поддржана од Мајк Зафировски. - Досега имаше ваков тип на поддршка, но најавениот фонд ќе овозможи средствата да бидат инвестирани во нови компании, компании кои почнуваат со бизнис, истакна Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра