20 Мај, 2024
0.0291

Како тече учењето онлајн кога ученикот е во планина на 30 километри од градот и нема стабилен интернет дома?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од децата се вклучуваат на компјутери, а дел на мобилни телефони за да следат онлајн настава, но не секогаш конекцијата е идеална во селото Бајловце, во Општина Старо Нагоричане.

Oва планинско село е лоцирано на 30 километри од Куманово, или 40-тина минути возење со автомобил. Во селото има 13 ученици, од кои 8 следат онлајн настава, а другите учат со физичко присуство, како што наложија властите. Вклучените во образованиот процес во време на пандемија велат дека е тешко, но прават напори за да се помине во најдобар ред.

Се случува едно од децата во подрачното училиште во Бајловце да нема стабилен интернет, и наставничката го посетува во селото, му носи материјали за учење. Не е лесно, но сите се трудиме да се заштитиме себеси и децата. Во контакт сме сите меѓусебно, родители, наставници, со цел наставата да не трпи. Се надеваме дека ова прво полугодие ќе го истуркаме без проблеми. Во централното училиште немаме некои поголеми проблеми со онлајн наставата“, раскажува директорката на централното основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ од Младо Нагоричане,  Марија Додевска.

Во Старо Нагоричане откако почна пандемијата имаше мал број на случаи на коронавирусот, и средината е релативно безбедна. Но, следејќи ја ситуацијата во државата жителите не можат да не бидат загрижени.

„Малите деца одат во училиште, а другите учат онлајн, но ниту од дома ќе можат нешто да научат како што треба, ниту да одат на настава е сигурно и безбедно. Ризик секогаш ќе има. Децата се вклучуваат на мобилни телефони за да учат, инаку селото е испустено, оддалечено, превоз нема, стабилен интернет нема“, вели повозрасен жител на селото кој додава дека во Бајловце има евдај 30-тина куќи сосе викендици.

Во Македонија веќе има неколку наставници кои се позитивни, а позитивно на коронавирусот е и второодделенче од радовишкото село Подареш.

Средношколците од Куманово, Струга, Дебар, Тетово, но и родителите во Македонска Каменица веќе протестираа и бараа настава со физичко присуство.

Од друга страна бројката на заразени со коронавирусот расте, и на повидок се нови рестрикции во движењето.

Сања Атанасовска

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража