19 Мај, 2024
0.0486

Како короната ја преполови добивката на „Фершпед“?

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Короната значајно ја забави домашната економија, а тоа е очигледно и од работењето на домашните шпедиции. Гиганот меѓу нив „Фершпед“ годинава има пад на приходите од продажба за 19 отсто во споредба со истиот период лани и пад на нето добвката за 46 отсто.

Колку пандемијата со корона вирусот негативно влијае врз домашната економија може да се согледа преку работењето на шпедитерските компании кои го организираат транспортот на извозните и на увозните компании во земјава.
Најголемата шпедитерска домашна компанија „Фершпед“ во првите девет месеци годинава има пад на приходите од продажба на своите услуги за 19 отсто и тоа е резултат на вонредните економски услови во кои функционира нашата национална економија без разлика дали е извозно или е увозно ориентирана.

За првите девет месеци годинава „Фершпед“ остварил приходи од продажба во износ од 35,3 милиони евра. Од тоа продажбата на шпедитерски услуги на домашниот пазар изнесува 18 отсто помалку од истиот период лани односно 33,2 милиони евра. Процентуално падот е поголем на услугите од извоз. Односно на странски пазари шпедитерските услуги се намалени за 30 отсто во споредба со истиот период лани и изнесуваат 2,1 милиони евра.

Оперативните расходи на друштвото за овој период изнесуваат 34,7 милиони евра и тоа е за 18 отсто помалку од истиот период лани. Најголемо учество во расходите имаат трошоците за услуги со карактер на материјални трошоци кои изнесуваат 28,6 милиони евра односно 10 отсто помалку од истиот период лани.

Оперативната добивка на друштвото за овој период изнесуав 742.000 евра и тоа е за 39 отсто помалку од лани.

Значајно за акционерите на друштвото е тоа „Фершпед“ успеал во голема мерка да ги намали финансиските расходи во споредба со истиот период лани. На крајот на септември годинава тие изнесуваат 31.000 евра и тоа е за 53 отсто помалку од лани.

Нето добивката на „Фершпед“ за првите девет месеци годинава изнесува 658.000 евра и во однос на истиот период минатата година е пониска за 46 отсто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра