20 Мај, 2024
0.2040

Како извозните аранжмани влијаат во меѓународни рамки?

Објавено во: Економија, Колумни 04 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Многу земји во светот имаат изградено официјални системи на поддршка на националниот извоз и корпоративните инвестиции во другите земји, затоа што извозот и надворешните инвестиции водат кон благосостојба на целокупната национална економија. Начинот на кој овие системи на поддршка се структурирани се разликува од една земја до друга, меѓутоа тие системи во целина опфаќаат кредити, каматни стапки и гаранции поврзани со извозните кредити и странските инвестиции. Некои земји имаат национална банка за увоз и извоз (ex-im bank) која директно одобрува кредити и дава гаранции на извозниците во врска со нивните меѓународни деловни активности. Во овој случај извозникот директно се обраќа до екс-им банката за да дојде до потребните финансиски средства. Во други случаи финансирањето се изведува преку комерцијалните банки. Кредитите што ги одобруваат банките за извозни проекти поддржани од националната влада се поддржани со гаранции издадени од владините органи. Во овој случај извозникот добива поддршка од својата деловна банка. Во земји каде што нема ex-im банки, но каде што е воспоставен систем за поддршка на извозот, таму постојат официјални агенции или компании кои даваат гаранции по извозни кредити. Овие агенции го осигуруваат извозот и директните инвестиции во странство, пред сé од комерцијални ризици, а во некои случаи и политички. Осигурувањето се дава во корист на извозникот или на банката во земјата на извозникот, без оглед дали таа го кредитира продавачот или купувачот. Компанијата (ex-im банка или специјализирана агенција) која му дава поддршка на извозот, поаѓа од комерцијални и деловни принципи во процесот на донесување одлука за големината на ризикот и висината на средства со кои ќе го помогне извозот. Доколку поддршка на извозот дава владина институција, влијание на одлуката уште имаат и надворешната политика и критериумите за трговска експанзија на одредено подрачје. Тоа е така, затоа што евентуалните загуби ќе паднат на товар на државниот буџет. Во проценката на ризикот, компаниите коишто одобруваат извозни кредити или даваат гаранции врз нивна основа, поаѓаат од податоците за земјата во која се врши извозната активност и од видот на извозната активност. Најчесто земјите се делат во неколку ризични категории во зависност од политичките, економските и социјалните услови. Врз основа на претходното, компанијата ќе одлучи дали треба да се лимитира или целосно да се исклучи поддршката на извозот во одделни земји. Во некои случаи и висината на каматната стапка по која се одобруваат извозните кредити е под влијание на ризикот на земја во која се врши извозот. Информациите што ќе бидат собрани на овој начин од страна на компаниите што одобруваат извозни кредити можат да послужат и како база на податоци на нивните комитенти. Доколку банката или друга институција им обезбедува информации на своите комитенти за погодноста да се извезува во одделни земји, ризиците со кои притоа можат да се соочат, како и обликот на поддршка што можат да го добијат, тоа може да придонесе за подобрување на имиџот на банката и воспоставување на поцврсти односи со своите деловни партнери. д-р Гоце Трајковски          

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра