20 Мај, 2024
0.0334

Како дојде до масовно ширење на корона вирусот во Чаир?

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Корона вирусот допре до секој агол на државата, но општина Чаир беше една од општините која за многу краток период стана жариште на заразата, сето тоа поради густината на населението што живее во овој дел на Скопје. Пандемијата промени многу аспекти на животот на луѓето во овој дел. Луѓето до одреден степен го пременија начинот на живот. Со овој предизвик што го зафати човештвото, исчезнаа обичаите и верските обреди на заедницата, вели Неваип Рамадани, еден од постарите жители на општина Чаир.

Вистина е дека многу промени почна да се случуваат. Народните и семејните обичаи, како што се свадбите, смртните случаи веќе не се одбележуваат како порано. Сепак, ние како албанско население ги одржувавме нашите традиции. На пример кога имавме смртни случаи или свадба, тогаш се собиравме сите членови на семејството, сега кога луѓето ќе слушнат дека има починат човек тие ни велат да не одиме, туку да им испратиме сочувство само преку телефон.

Тука започна еден вид на страв во животот, несигурност, но започна и промената на традициите кои биле великодушни, братски, итн. Целата оваа ситуација предизвикува страв дека можеби ќе се променат сите наши традиции. И некако луѓето изгубија трпеливост во секој аспект на животот, на пример, веќе не се нормални посетите што биле вообичаени порано, луѓето почнаа да стануваат подалечни, сега гледаме дека дури и најблиските семејства сега се оддалечуваат едни од други, човештвото, хуманиот аспект започна да исчезнува, но најболно од сѐ се добрите (убавите) традиции што ги имавме, се чини дека веќе нема да ги имаме, тие нема да продолжат. Оваа состојба се чини дека оди во нешто што ќе изгледа како новото нормално.

Првиот човек на општината, Висар Ганиу, посочувајќи ги предизвиците со кои се соочува општината за време на критичниот период, вели дека е направен максимумот за ситуацијата да не излезе од контрола. Тој потенцира дека имплементацијата на мерките е потешка заради положбата во која се наоѓа Општината.

Како општина, сè што имавме како обврска го реализиравме. Понекогаш сме направиле дури и повеќе отколку што ни беше дадено како обврска, со единствена цел да го спречиме ширењето на оваа пандемија што го зафати целиот свет. Скопје е како целина, немавме начини да го зачуваме, немавме можност да го изолираме само Чаир, ако го изолиравме Чаир ќе ги блокиравме и другите две општини. Чаир е единствената артерија на патниот сообраќај што го користат и двете општини, Општина Шуто Оризари и Бутел.

Изолирањето на лица како резултат на епидемијата и ограничувањето на движењето од мерките против корона вирусот го зголемија бројот на социјални случаи. Јетиш Мухареми од хуманитарното здружение НУН посочува дека барањата за помош се множеле за време на пандемијата.

„Како хуманитарна организација, во првите два месеца на пандемијата дониравме 1.500 пакети со прехранбени производи и хигиена. За разлика од другите години, бројот на луѓе што барат помош е многу поголем. Случаите се зголемија многу, за нас ситуацијата се влоши малку повеќе, почетокот беше уште потежок, но сега имаме барања во домови каде што луѓето се изолирани. За една недела се случува да испратиме 3 до 5 пакувања.“

Ситуацијата со корона вирусот во Чаир веќе е нормализирана, но сепак густината на населението продолжува да претставува ризик за надлежните. Чаир е дури и најгусто населената општина во Европа каде живеат 19 илјади луѓе на еден квадратен километар, односно во 3,5 километри на општината живеат 67 илјади граѓани.

Кризниот штаб за итни случаи на Општината продолжува да биде активен за подготвено да одговори на секоја ситуација што може да ја загрози во иднина заедницата која живее во овој дел од Скопје.

Овие содржини се поддржани од Google News Initiative Journalism Emergency Relief Fund

Зекирија Меџити



Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите