21 Мај, 2024
0.0332

Како да се користат салите за физичко и библиотеките: Филипче детално за сите протоколи во училиштата

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, за да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки.

Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре). Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето, како што е тоа случај во основните училишта, треба да биде соодветно спакуван или готов производ.

-Учениците оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава. Задолжително е редовно проветрување, хигиена и дезинфекција на сите простории училници, холови, тоалети, спортска сала, пред и по завршување на смената и за време на одморите. Не е дозволено влегување на други лица, на пример, за чистење, поправка или внесување храна во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, изјави денеска Филипче.

Во средните училишта, за реализација на практичната обука и учење преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети. Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците. За практична настава во компании, учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компанииите.

Министерот Филипче потенцираше дека доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.

На крајот, министерот Филипче упати апел до сите родители, наставници и целиот менаџмент на образовните институции, максимално сериозно да пристапат кон спроведување на мерките за заштита од Ковид и да дадат поддршка на децата во прилагодување кон новата сотојба и новиот начин на одржување на наставата.  Тој упати и пораки до учениците кои се незадоволни од начинот на кој ќе се одвива наставата и сакаат да одат на училиште.

„Овој модел на настава не штити нас, вас, вашите родители, баби и дедовци. Оваа состојба не е избор туку нужност и е во интерес на здравјето и ништо друго. Ова мора да се разбере и почитува од сите. Состојбата нема вечно да трае, се поблиску сме до надминување на оваа состојба, пронаоѓање на вакцина и со тоа враќање на животот кон нормала. Но, до тогаш, мора да се навикнеме на новите правила на живот, на работа, на дружење, секако и на учење. Се може да се надокнади, но здравјето и животот не. Бидете трпеливи и имајте разбирање“, рече министерот Филипче.


Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат