19 Мај, 2024
0.0264

Каде „закочи“ годишната добивка на Аутомакедонија?

Објавено во: Економија 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Аутомакедонија АД Скопје во 2017 година е забележително дека има за нијанса подобрена продажба и повеќе оперативни приходи од годината претходно, но нивниот бизнис некаде има „закочено“ бидејќи вкупната добивка на крајот од годината е за три пат помала во однос на 2016 година. Аутомакедонија има поголеми вложувања при добар раст на приходите од вкупната продажба, но како расходите во оперативата и финансиите влијаат врз крајниот резултат анализираме во продолжение. 

Според објавените финансиски консолидирани извештаји за 2017 година, Аутомакедонија како еден од главните застапници на Опел во земјава, успеал да продаде возила и други производи од својата дејност во вкупна вредност од 9,4 милиони евра. Тоа е за околу 250 илјади евра поголеми оперативни приходи во однос на 2016 година, од кои грото се должат на продажбата.

Сепак, Аутомакедонија добрите резултати од продажбата во 2017 година не успева целосно да ги „материјализира“ поради зголемените трошоци, особено во делот на расходите за набавна вредност на трговски стоки. Оваа ставка во 2017 година изнесува дури 5,5 милиони евра или за нешто над половина милион евра повеќе во однос на 2016 година.

Во 2017 година исто така растеле и трошоците за вработените кои вкупно изнесуваат 1,5 милиони евра. Вкупните оперативни расходи „Аутомакедонија“ во 2017 го чинеле 9,1 милиони евра. 

Аутомакедонија АД Скопје во 2017 исто така има раст и на финансиските расходи кои вкупно изнесуваат 575 илјади евра и се речиси три пати повисоки во однос на годината претходно. 

Со овие резултати Аутомакедонија може да се „пофали“ само со добивка вредна 266 илјади евра или три пати помала чиста заработка во однос на добивката реализирана во 2016 година. 

Како главни причини поради кои добивката е помала во однос на 2016 година од Аутомакедонија наведуваат дека тогаш имале еднократен вонреден приход од 193 илјади евра во добиениот судски спор со Дајмлер Крајслер. 

Исто така од компанијата објаснуваат дека за околу 80 илјади евра се намалени финансиските приходи од дивиденди, додека пак во последните две години е зголемена и инвестициската активност за подобрување на оперативните активности и тие резултати свој ефект се очекува да имаат во текот на оваа година. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра