Добивај вести на Viber
„Дојче Телеком“ ќе укине 500 работни места во Унгарија, во рамките на планот за преструктуирање на компанијата, најави Клаудија Немат, директор на европската подружница на компанијата. Таа вели дека германскиот телекомуникациски гигант мора да го намали бројот на работни места поради падот на продажбата на „Дојче Телеком“. Подобрување на состојбите се предвидува дури во текот на 2014 година.
Планот за намалување на бројот на вработени во „Дојче Телеком“ во Унгарија треба да се реализира во текот на 2013 година, но според Немат, најголемиот дел од лицата чии работни места ќе бидат укинати ќе ја напуштат компанијата до крајот на 2012 година.
Како што пренесува германскиот весник Ханделсблат, за отпуштање на работници „Дојче Телеком“ размислува и во Грција, но ја исклучува можноста за продавање на грчката филијала на компанијата ОТЕ, за која велат дека работи профитабилно.