20 Мај, 2024
0.0267

Јовановски: 300 илјади граѓани од приватните пензиски фондови се оштетени од Владата!

Објавено во: Финансии 25 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Граѓаните идни пензионери ги трпат последиците од она што власта им го стори на приватните пензиски фондови, и тие ќе имаат пониски пензии доколку фондовите ја задржеа, наместо предвреме да ја продадеа еврообврзницата, изјави Зоран Јовановски потпретседател на опозициската СДСМ. „Се сеќавате дека во јули годинава беше изменет законот и власта ги натера приватните пензиски фондови предвреме да ја продадат еврообврзницa своевремено издадена од Република Македонија. Ваквата законска промена власта не можеше да ја објасни. Зошто приватните пензиски фондови да можат да имаат државни хартии од вредност издадени од Република Македонија на домашниот пазар, а да не можат да имаат државни хартии од вредност издадени од Република Македонија во странство", рече Јовановски. Тој смета дека Владата предизвикала конкретна финансиска штета за повеќе од 300 илјади граѓани кои се во вториот пензиски столб и ќе имаат пониски пензии во споредба со пензиите што ќе ги имаа ако приватните пензиски фондови ја сочуваа еврообврзницата до крај, наместо да ја продадат предвреме.. „Зошто тогаш власта ги натера приватните пензиски фондови да ја продадат предвреме обврзницата? Одговорот е едноставен - за да ги пренасочат парите од продажбата за крпење на скинатиот буџет. Податоците покажуваат дека во периодот од јули па заклучно со октомври, износот на државни хартии од вредност што се во посед на приватните пензиски фондови се зголемил за 84 милиони евра, од кои 70 милиони евра се однесуваат на парите добиени од предвремената продажба на еврообврзницата", беше појаснувањето на Јовановски. Резимираше дека со овој потег и со потегот на гувернерот на Народната банка на РМ во буџетот годинава се слеале повеќе од 221 милиони евра и така била „закрпена дупката" за оваа година. „Потезите за крпење на буџетот покажуваат дека власта не промени ништо во своето однесување. Иако се соочи со намалени приходи во буџетот, иако знаеше дека ќе предизвика финансиска штета, таа не ги запре рекламите и не ги скрати непродуктивните трошоци. Напротив, власта само грчевито бараше начин како да ја пренасочи секоја пара кон скинатиот буџет", додаде Јовановски. Смета дека тоа не е одржливо на долг рок и само е прашање на време „кога балонот ќе пукне". Јовановски смета дека во Буџетот нема доволно пари. „Има долгови затоа што не може да се плати. Затоа се користи нафта од државните резерви за греење на училиштата, нема пари за да се купи нафта... ", рече Јовановски. Според потпретседателот на најголемата опозициска партија, новите кредити со гаранција од Светска банка нема трајно да го решат проблемот.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома