ИМА И ВАКВИ СЛУЧАИ: Дури три пати се заразиле со коронавирусoт
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Август, 2021
Деветмина Австријци дури три пати се заразиле со коронавирус.
Кога станува збор за луѓе на кои три пати им била дијагностицирана болеста, девет или осум од нив не биле вакцинирани. Едно лице, кое беше инфицирано по трет пат, беше само делумно вакцинирано. Во земјата 1.447 луѓе два пати биле заразени со коронавирус, а девет лица биле заразени три пати, но осум од нив не биле вакцинирани. Ова го покажуваат податоците од Епидемиолошката база на податоци (ЕМС). Од луѓето кои биле заразени двапати, 84,7 проценти не биле вакцинирани. Првиот случај на коронавирус во Австрија беше регистриран на 25 февруари лани, а 533 дена потоа, вкупно 656.615 луѓе беа заразени. И во други земји во светот имаше луѓе кои по втор пат беа инфицирани. Таква појава имаше и во земјава, но тоа беше мала бројка.