20 Мај, 2024
0.0446

Груевски: криза има, ама пензии ќе растат!

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Правиме се што е во наша моќ, во овие тешки времиња на европска должничка криза да помогнеме секаде каде што можеме. Спроведуваме реформи во повеќе области. Ќе продолжиме со нашата поддршка, иако ова е тешко време, за да им се помогне на граѓаните, потенцираше доцна синоќа премиерот Никола Груевски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред жителите на Драчево. И покрај европската должничка криза, и покрај падот на приходите во буџетот, ќе најдеме начин да ги зголемиме пензиите на пензионерите за пет отсто, плус два отсто од оние што се за усогласување, како и за примателите на социјална помош, разни видови на социјална помош, зголемување за пет отсто. Ова се мерки што ќе стартуваат од март следната година, рече Груевски. Неодамна пред бизнисмените премиерот најави и враќање на долговите кон компаниите по основ на ДДВ и за други договорни услуги, кои се проценуваат на над 220 милиони евра. За оваа намена ќе биде земен кредит од комерцијални банки за кој како гарант се јавува Светската банка. Парите се очекува да стигнат на крајот на оваа и на почетокот на следната година.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра