Добивај вести на Viber
Акциите на грчките банки потонаа од синоќа, повлекувајќи ja со себе целокупната берза поради новите тензии околу докапитализацијата на банките и одложувањето соопштение за нивните квартални резултати.
Банкарскиот подиндекс на грчката берза падна за 15,97 отсто поради нерешените прашања околу докапитализацијата и напорите да се исполнат условите потребни за исплата на наредната транша на меѓународната помош на Атина. Ако помошта не биде доделена, според грчките власти, на земјата и се заканува банкрот.