20 Мај, 2024
0.0256

Ѓорѓе Војновиќ назначен за Главен извршен директор на Триглав Осигурување

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

По добивањето на согласноста од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија, за именување на г. Ѓорѓе Војновиќ за член на орган на управување на Триглав Осигурување АД, Скопје, Одборот на директори на компанијата, на 17 ноември 2015 година, го назначи г. Војновиќ за Главен извршен директор на Триглав Осигурување АД.

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 105-та седница, одржана на 17 ноември, 2015 г. го назначи г. Ѓорѓе Војновиќ за Главен извршен директор на компанијата, откако Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија ја даде својата согласност за именување на г. Војновиќ за член на орган на управување на компанијата.

Триглав Осигурување со г. Војновиќ добива искусен менаџер, но и соработник, кој ги почитува вредностите за коишто се залага и коишто ги гради и самата компанија, професионалност, експертиза, едноставност и одговорност.

“Ми претставува огромна чест и задоволство што сум повторно дел од тимот на Триглав Осигурување”, изјави во оваа прилика г. Војновиќ. “Убеден сум дека заедно со Извршниот директор, г-ѓа Сања Танчевска и вработените во Триглав Осигурување, кои посветено и професионално се соочуваат со секојдневните предизвици, ќе придонесеме за зголемен обем и квалитет на услугите за нашите клиенти, како и што прилега на еден лидер во осигурувањето, а следствено на тоа и постигнување на уште подобри резултати на компанијата”, дополни г. Војновиќ.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО