Добивај вести на Viber
Деца кои што живеат со еден родител во Австралија , се почесто се изложени на сиромаштија, предупредува Австралискиот совет за социјални услуги. Наспроти тоа што Австралија не е погодена од глобалната финансиска криза, што остварува годишен стопански раст од 3,7 отсто и има мал процент на невработени, проценува дека околу 17,3 отсто деца од оваа земја живеат под меѓународно важечките граници на сиромаштија, што е пораст во однос на 2005 година, кога сиромашни деца имало 12 отсто.