20 Мај, 2024
0.0268

Г-7 во потрага по начин како да ја притисне Русија за Сирија

Објавено во: Свет 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 ќе бараат начин да извршат притисок врз Русија да ги прекине врските со претседателот на Сирија Башар ал-Асад, пренесува Ројтерс.

Американските ракетни напади врз сириска воздухопловна база од минатата недела во одговор на наводен напад со хемиско оружје против цивили ги покренува очекувањата дека претседателот на САД Доналд Трамп е подготвен да ја зацврсти својата позиција против Русија, забележува новинската агенција.

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, за новинарите изјави дека угледот на Русија е лош поради трајната поддршка за Асад. Тој претпоставува, како и претставниците на Канада дека санкциите против Москва може и да бидат стегнати, ако Кремљ продолжува со поддршката на сирискиот лидер.

Сеуште не е јасно за што ќе инсистира државниот секретар на САД Рекс Тилерсон при неговото патување до Москва утре. „Она што се обидуваме да го направиме е Тилерсон да им каже на Русите: Тоа е ваш избор, придржувајте се кон овој човек, придржувајте се до тоа или пак лоцирајте подобро решение“, коментира Џонсон.

Русија ги отфрли обвинувањата дека Асад користи хемиско оружје против сопствениот народ и изјави дека нема да ги намали своите врски со сирискиот претседател.

Самиот Тилерсон коментираше кон крајот на минатата недела, дека главен приоритет за САД е поразот на еден од главните непријатели на Асад - терористичката организација „Исламска држава“.

Италија ги поканила на средбата на Г-7 и министрите за надворешни работи на Турција, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Катар, со кои ќе се разговара за ситуацијата во Сирија.

Министрите на седумте најголеми индустриски сили ќе дискутираат и за зголемените тензии на Корејскиот полуостров покрај стравувањата за нуклеарните амбиции на Пјонгјанг.

Меѓу темите на разговор е и Либија.

Истовремено енергетските министри на групата не успеаја да стигнат до единствен став за климатските промени, откако САД побара повеќе време за да ја исчисти својата политика во сферата.

„САД се во процес на ревидирање на повеќето политики. Ова вклучува преглед на политиките поврзани со климатските промени и договорот од Париз“, коментира италијанскиот министер за индустрија Карло Календа.

Можеби ќе ве интересира

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи