10 Мај, 2024
0.0253

Месецот на интернационалниот бренд за спортска облека во Македонија

FLAIR ги изненади своите купувачи со 35 отсто попуст на сите колекции

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

“До средината на декември го спроведуваме Месецот на FLAIR, така што на купувачите им нудиме намалување од 35% на сите колекции на спортска облека за мажи, жени и за деца. Во соработка со специјализираниот сајт Групер и нивниот систем на ваучери, се одлучивме на ваква промоција и на ваков чекор бидејќи филозофијата на FLAIR е да ги мотивира луѓето своето слободно време што е можно повеќе да го користат за спорт и рекреација, а притоа, тие треба да се чувствуваат удобно во тоа што го”, вели Влатко Ивановски, бренд менаџер во ФЛЕР Македонија.

Светските трендови на намалување на цените среде сезона, таканаречени mid-season попусти, особено во малопродажбата на облека, полека фаќаат корења и кај нас. Ова, во последниве година-две станува како практика посебно во индустријата за спортска облека и опрема, како во мултибренд продавниците со широк и асортиман на производи од различни производители, така и во специјализираните продавници за спортска облека од еден бренд. Еден од брендовите кој што ги следи овие трендови е интернационалниот производител на спортска облека FLAIR. И покрај тоа што концептот на брендот секогаш е да понуди најдобра цена во однос на квалитетот, овој месец, па сè до средината на декември, се одлучија да понудат и дополнителни попусти од една третина на целиот асортиман на вообичаените цени за љубителите на спортската и лежерна облека.

“До средината на декември го спроведуваме Месецот на FLAIR, така што на купувачите им нудиме намалување од 35% на сите колекции на спортска облека за мажи, жени и за деца. Во соработка со специјализираниот сајт Групер и нивниот систем на ваучери, се одлучивме на ваква промоција и на ваков чекор бидејќи филозофијата на FLAIR е да ги мотивира луѓето своето слободно време што е можно повеќе да го користат за спорт и рекреација. А, притоа, тие треба да се чувствуваат удобно во тоа што го носат при своите активности. Во својот ценовен сегмент, FLAIR на своите купувачи им нуди висококвалитетна спортска облека, адаптирана да ги задоволи сите потреби, без разлика дали станува збор за професионални спортисти или, пак, за луѓе на кои рекреираат, вежбаат и преферираат полежерна, квалитетна удобна облека”, вели Влатко Ивановски, еден од двата бренд менаџери во ФЛЕР Македонија.

Брендот FLAIR е присутен во Македонија од пред една година, со отворањето на својата прва концепт продавница во Капитол Мол, во скопската населба Аеродром. Втората специјализирана продавница беше отворена во септември годинава, во Градскиот Трговски Центар во Скопје.

“Она што нè одвојува од другите производители на спортска облека се нивото и константноста на квалитетот на производите на конкурентниот пазар во Value-For-Money сегментот. За пристојни и достапни цени им нудиме на нашите потрошувачи спортска облека од врвен квалитет, со карактер и прилагодена за нивните потреби”, вели другиот бренд менаџер, Немања Николиќ.

FLAIR е интернационална компанија, основана пред десет години, која што произведува широка палета на висококвалитетна спортска облека и спортски додатоци. Брендот е инвестиција на германски претприемачи, кои своето производство го лоцира во Република Бугарија и има изградено препознатлива традиција во производството на облека за сите видови на индивидуални и колективни спортови. Активната политика на FLAIR и големата ангажираност во промовирањето на физичката активност, рекреацијата и спортот, придонесе за забрзано темпо на развојот на брендот во последните неколку години во земји од Европската Унија, во земји од регионот, но и во држави од азискиот континент. Продажната мрежа најмногу е развиена на територијата на соседна Бугарија, каде што има дваесетина продажни места, но исто така продавниците на FLAIR можат да се најдат и во други европски и азиски земји како Германија, Грција, Романија, Холандија, Австрија, Србија, Казахстан, Русија.

Атрактивните понуди на парчиња спортска облека за сите генерации можат да се погледнат и на веб страницата на брендот www.flair.mk , како и на Фесјбук www.facebook.com/flair.mk/.  


Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните