14 Декември, 2025
0.0396

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

Објавено во: Македонија 21 Март, 2023 21:04

Добивај вести на Viber

ЗАТВОРЕНИЦИ КОПАЛЕ ТУНЕЛ ЗА ДА ИЗБЕГААТ

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречило организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, по веста дека е ископан подземен тунел.

Осудениците кои копале, според сознаниијата кои ги добило МВР, биле најмалку осуммина кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор. Копале од кај просторијата за јаглен.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека е разрешен досегашниот директор на затворот Идризово и е именуван Генерал мајор Зоран Јовановски, магистер, кого го претстави како висок професионалец со богата кариера во МВР, со бројни меѓународни обуки.

- Преземени се мерки за санирање на состојбите во КПД Идризово, беше краток премиерот во одговор на прашањето за откриениот подземен тунел од 60 метри кои го ископале осудениците за бегство.

ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА ЈАЈЦАТА И ОРИЗОТ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска објави дека јајцата од кокошка и оризот се замрзнуваат по цени од 15 март, со цел да нема дополнителни поскапувања пред престојните верски празници. Мерката е со важност до 30 април. 

- Трговците имаат обврска да ги продаваат во количини во кои редовно се продавале во јануари и во февруари 2023. 

Во изминатиот период утврдивме значајни измени во цените на овие производи како резултат на движењата на увозот и извозот, а за таа цел пред Велигден и Рамазан Бајрам да се спречи евентуален дисбаланс, рече Ковачевски.

ГРУБИ ВЕЛИ ДЕКА БАСКЕТОТ МУ Е ОД ПЕРО АНТИЌ

Првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека сите спортски реквизити кои ги има во кабинетот во Министерството за политички систем не се купени со пари на јавни набавки, туку дека му се донирани.

- Голчето ми е дадено од Фудбалската федерација на Македонија, баскетот ми е поклонет од Перо Антиќ, а ракометната топка од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт која ќе биде дел од Министерството за политички систем и ќе ги претставува интересите на сите групи, рече Груби.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонските граѓани во просек живеат по дваесет години повеќе од жителите на африканските држави, но сепак по должината на векот се далеку од луѓето во развиените западни земји.

Продажбата на квасец и медицински алкохол (познат како спирт) произведен во единствената македонска компанија за таа намена порасна за 40 отсто лани во споредба со претходната година. Но и покрај тоа компанијата и лани работеше со загуба и тоа втора година по ред. Дали е причината во  инвестицискиот процес со кој Квасарата станува производител на зелена струја?

Италијанската инвестиција за производство на опрема за бојлери, Кондево од Штип, ја доби првата финансиска помош од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони во висина од 107 милиони денари (1,75 милиони евра).

Пакистан, како една од најголемите нуклеарни сили во светот, може да влезе во целосен хаос, во обидот да го уапси поранешниот премиер Имран Кан. Пакистан е една од клучните земји во Азија, особено значаен за Западот во вршењето притисок врз Москва, но чие влијание полека почнува да опаѓа откако САД се повлекоа од Авганистан, а во Кабул на власт повторно е воспоставен талибанскиот режим.

Откако Фактор ексклузивно ја објави информацијата дека германскиот синџир маркети кој ќе работи во земјава, ја купил локацијата на „Бриколаж“ од „Скопски пазар“, откриваме уште една интересна информација, а таа е дека влезот на Лидл во земјава го зголемил интересот за купување на околните куќи околу овој објект.

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија