27 Мај, 2024
0.0316

Нуклеарната сила пред хаотичен расплет - Дали Пакистан е новото жариште?

Објавено во: Свет 21 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Пакистан, како една од најголемите нуклеарни сили во светот, може да влезе во целосен хаос, во обидот да го уапси поранешниот премиер Имран Кан. Пакистан е една од клучните земји во Азија, особено значаен за Западот во вршењето притисок врз Москва, но чие влијание полека почнува да опаѓа откако САД се повлекоа од Авганистан, а во Кабул на власт повторно е воспоставен талибанскиот режим.

Пакистан по падот на Кан се соочува со драстична инфлација која се должи на поскапувањето на струјата, јакнењето на вредноста на доларот, и немоќноста да обезбеди евтини ресурси како соседот и главниот ривал Индија, која исто така е нуклеарна сила и со која со децении води спор околу критичниот регион Кашмир.

За тоа што се случува моментално во Пакистан, колку состојбата е напната и дали може да прерасне во судири и дестабилизација на земјата разговараме со Валид Тарик, наградуван новинар од Карачи кој пишува за повеќе светски медиуми.

„Пакистан е управуван од слаба владина коалиција која се формираше по отстранувањето на Кан минатиот април преку изгласување недоверба во парламентот. Кан е единствениот премиер на Пакистан кој бил сменет преку уставни средства, за разлика од другите кои биле жртви на воени удари, но не ја прифати смената и ги обвини САД дека стојат зад неговото неславно заминување“, вели Тарик.

Инаку низ историјата во Пакистан се случиле голем број на атентати врз највисоки функционери меѓу кои и премиери, а и врз самиот Кан беше извршен обид за атентат на неодамнешен митинг кога беше ранет со огнено оружје, но без смртни последици.

Како дојде до кризата?

Пакистан практично е во фаза на политичка криза од изгласувањето недоверба на премиерот Имран Кан и неговата смена од власта. Во меѓувреме дојде и до судири на неговите поддржувачи со полицијата.

„Војската е најмоќната и најорганизирана институција во Пакистан и има свое влијание врз политичарите, како и врз судството. Честопати интервенираше за да ги собори избраните лидери кои ѝ се испречија на патот и ‚управуваше' со изборите, во корист на политичари под нивна контрола. На почетокот на 2018 година, поранешниот премиер Наваз Шариф беше доживотно дисквалификуван поради непријавен извор на приход, а подоцна беше обвинет за мито. Сега живее во егзил во Лондон“, посочува Тарик.

Кан како популистички политичар ветуваше економска преродба, но всушност не успеа да се справи со проблемите и корупцијата, особено што главниот дел од моќта го задржа војската, со чија помош дојде на власт, а потоа се судри со неа поради мешање во именувањето на клучни кадри во безбедносните служби.

Кан, најмногу се истакна со „борбата со корумпираните политичари“ при што голем дел од неговите опоненти беа затворени или прогонети, а сега слична судбина го снајде и него, со изречена забрана да се појави на следните избори и да одговара на суд под сомнежи за корупција поради непријавени подароци додека бил на функција.

Сепак, неговата огромна популарност во јавноста и умешноста за медиумски настапи, како што ни открива Тарик, е рецепт за понатамошна нестабилност.

„Кризата го доведе Пакистан на работ на економски банкрот, а единствениот излез е политичкиот дијалог, одлучност да нема позаднински договори, а вистината и помирувањето да бидат основа за одржување слободни и фер избори, на датум прифатлив и за Кан и за другите“, посочува Тарик.

Зошто Пакистан е важен?

Во историски рамки, Пакистан се смета за сила која е блиска до САД и Западот, но сега одби да одбере страна во војната меѓу Русија и Украина, иако нејзиниот сосед Индија е земјата која уште во времето на Советскиот сојуз е традиционално блиска и соработува со Кремљ.

Пакистан не гласаше за резолуциите во Обединетите нации со кои се осудува Русија за воената инвазија врз Украина. Тоа доаѓа како обид на актуелната власт да осигура голема пратка на сирова нафта по пониска цена, и која ќе ја плати во валута по избор на Русија.

„Пакистан нема многу опции со оглед на моменталната економска и геополитичка положба. Официјално не зазеде страна во војната, изрази загриженост за ситуацијата, испрати хуманитарна помош во Киев и повика на траен мир. Сепак, се воздржа од осуда на Русија во ОН, следејќи ги стапките на пријателот „во сите временски услови“ Кина, која го критикуваше Западот за „едностраните“ санкции кон Москва. Пакистан вели дека го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на сите држави, но жали што концептите не се универзално применети, мислејќи на индиската анексија на Кашмир во 2019 година“, смета Тарик.

Војната во Украина дефинитивно придонесе многу држави да изберат страна или да се соочат со последиците од недостигот на таквата одлука, во обидот да се зголеми притисокот врз Москва, но и Путин има свои адути во овој дел на светот.

„Соочен со исцрпувачките резерви на долари, Пакистан исто така се надева дека ќе увезе субвенционирана нафта од Русија. Сепак, земјата зависи од ММФ предводен од Западот за финансиска поддршка за да се избегне ситуација во која не може да ги подмири одбврските. Њу Делхи, сега петта по големина економија во светот, има корист поради своите долгогодишни врски со Москва и е клучна за агендата на Вашингтон за поткопување на Пекинг. Исламабад беше сојузник на Вашингтон за време на Студената војна, но неговата важност за САД е во опаѓање по падот на Кабул“, потенцира Тарик.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИ, РУСИ И НИГЕРИЈЦИ ПЛАЌААТ 230 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЗЛАТЕН ПАСОШ: Еве која земја бара толку пари и што овозможува тој пасош

КИНЕЗИ, РУСИ И НИГЕРИЈЦИ ПЛАЌААТ 230 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЗЛАТЕН ПАСОШ: Еве која земја бара толку пари и што овозможува тој пасош

ШОК ИЗЈАВА НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПО ДОАЃАЊЕТО ВО ГЕРМАНИЈА „Европа може и да умре“

ШОК ИЗЈАВА НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПО ДОАЃАЊЕТО ВО ГЕРМАНИЈА „Европа може и да умре“

ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ СЛУЧУВАЛА НАД ТУРЦИЈА - силни турбуленции повредиле 12 патници во авион, ги пречекале итни служби

ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ СЛУЧУВАЛА НАД ТУРЦИЈА - силни турбуленции повредиле 12 патници во авион, ги пречекале итни служби

ПРОНАЈДЕН МРТОВ СОПРУГ НА ПРАТЕНИЧКА ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ - прво имало сомнежи дека Анџело се самоубил, но.... тој бил во морничава состојба

ПРОНАЈДЕН МРТОВ СОПРУГ НА ПРАТЕНИЧКА ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ - прво имало сомнежи дека Анџело се самоубил, но.... тој бил во морничава состојба

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека со ракети го напаѓа Тел Авив

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека со ракети го напаѓа Тел Авив

ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД НА УКРАИНА, ПОЛСКА ГИ ПОДИГНА НАТО АВИОНИТЕ - во Киев има ранети и евакуирани жители

ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД НА УКРАИНА, ПОЛСКА ГИ ПОДИГНА НАТО АВИОНИТЕ - во Киев има ранети и евакуирани жители

КАЛЕНДАРОТ СО ОБВРСКИ НА КЕЈТ МИДЛТОН Е ПРАЗЕН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА - тоа значи само едно, а еве како ќе влијае на кралското семејство

КАЛЕНДАРОТ СО ОБВРСКИ НА КЕЈТ МИДЛТОН Е ПРАЗЕН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА - тоа значи само едно, а еве како ќе влијае на кралското семејство

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

„КАРМАТА ЌЕ ЈА СТИГНЕ КАМИЛА“: Еве што пишуваат британските медиуми за кралицата

„КАРМАТА ЌЕ ЈА СТИГНЕ КАМИЛА“: Еве што пишуваат британските медиуми за кралицата