15 Октомври, 2024
0.0236

Каква пара прави битолска „Квасара“?

Објавено во: Економија 21 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Продажбата на квасец и медицински алкохол (познат како спирт) произведен во единствената македонска компанија за таа намена порасна за 40 отсто лани во споредба со претходната година. Но и покрај тоа компанијата и лани работеше со загуба и тоа втора година по ред. Дали е причината во  инвестицискиот процес со кој Квасарата станува производител на зелена струја?

Битолската фабрика за квасец и алкохол лани ја зголеми продажбата за 40 отсто и успеа да инкасира 8,7 милиони евра во најголем дел од продажбата на својот заштитен знак – пекарскиот квасец.

Според официјални јавно достапни податоци објавени на веб страницата на Македонската берза, Фабриката за квасец и алкохол лани ја зголеми продажбата за 2,5 милиони евра. Вкупните приходи на компанијата лани изнесуваат 8,9 милиони евра.

И покрај интензивниот и силен раст на приходите од продажба оваа уникатна домашна компанија минатата година ја завршила со загуба од работењето. Загубата изнесува 777.000 евра, а во најголемата мерка таа е резултат на драстичното зголемување на останатите оперативни расходи кои се зголемени за 1,5 милиони евра во споредба со 2021 година и лани достигнале вредност од 3,6 милиони евра.

Покрај останатите оперативни расходи, раст бележат и средствата потрошени за набавка на материјал и ситен инвентар за речиси 600.000 евра во споредба со претходната година. Тие се најголема расходна ставка и изнесуваат 4 милиони евра.

Лани во трошковната структура на битолската квасара нема раст на трошоците за вработени и тие изнесуваат 1,11 милиони евра.

Компанијата лани за финансиски расходи платила 192.000 евра што е за е 42 отсто повеќе од претходната споредбена година.

Сите овие параметри, оперативните трошоци и финансиските расходи, лани генерирале загуба што е за 65 отсто поголема од 2021 година.

Од билансот на состојба се гледа дека вредноста на материјалните средства на компанија лани достигнале вредност од 10 милиони евра и во споредба со претходната година се зголемени за речиси 300.000 евра. Во структурата на тековни средства најдрастична промена има кај побарувањата за аванси кои на крај на 2022 година вредат 1,1 милиони евра или 1 милион евра повеќе од претходната споредбена година. Побарувања од купувачи се намалени за 12 отсто и изнесуваат 1,2 милиони евра.

Долгорочните обврски на квасарата се зголемени за речиси 650.000 евра до износ од 3,57 милиони евра, а тековните обврски бележат минимално зголемување и изнесуваат 2,22 милиони евра.

Компанијата лани објави дека ќе вложи до 3 милиони евра во подобрување на енергетската ефикасност на компанијата преку инсталација на фотоволтаици за производство на струја и тоа на крововите на фабриката и во фотоволтаична централа. Во таа одлука беа планирани и средства за реконструкција на склад за гориво, котли за биомаса и за мазут со што би се овозможило производство на струја со турбини на водена пареа.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата

Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата

Царинската управа преку зголемени казни до поголеми приходи

Царинската управа преку зголемени казни до поголеми приходи

Фон дер Лајен ја најави првата транша до крајот на годината, Македонија очекува помош од 52,5 милиони евра

Фон дер Лајен ја најави првата транша до крајот на годината, Македонија очекува помош од 52,5 милиони евра

Се гаси уште една голема германска компанија

Се гаси уште една голема германска компанија

Бектеши бара ЕСМ да каже колку пари троши за набавка на струја од берза, од таму велат дека поранешниот министер е виновен за таа ситуација

Бектеши бара ЕСМ да каже колку пари троши за набавка на струја од берза, од таму велат дека поранешниот министер е виновен за таа ситуација

„АКО ПРОДОЛЖИМЕ СО ВАКВА НАПЛАТА НА ПРИХОДИТЕ, МОЖЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ПОГОЛЕМИ ПОКАЧУВАЊА“ - еве што вели министерката за финансии за платите

„АКО ПРОДОЛЖИМЕ СО ВАКВА НАПЛАТА НА ПРИХОДИТЕ, МОЖЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ПОГОЛЕМИ ПОКАЧУВАЊА“ - еве што вели министерката за финансии за платите

ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА - цените на бензините рипаат за 2,5 денари, еве колку ќе поскапат останатите

ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА - цените на бензините рипаат за 2,5 денари, еве колку ќе поскапат останатите

ЛУФТХАНЗА ЌЕ ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ ВО ГЕРМАНИЈА - меѓународните превозници се повеќе ја избегнуваат, можат ли да ја изгубат врската со светот

ЛУФТХАНЗА ЌЕ ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ ВО ГЕРМАНИЈА - меѓународните превозници се повеќе ја избегнуваат, можат ли да ја изгубат врската со светот

КОЈ ГРАД ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА?! – Мала земја, голем разлки во трошоците за граѓаните, еве какви се движањата низ градовите

КОЈ ГРАД ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА?! – Мала земја, голем разлки во трошоците за граѓаните, еве какви се движањата низ градовите