14 Мај, 2024
0.0309

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави протоколите, а Ковид 19 однесе уште три жртви

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ОБЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ПРОТОКОЛИ 

Владата ги објави протоколите со мерки и препораки кои треба да се почитуваат од граѓаните и правните субјекти при денешното отворање на шалтерите на обложувалниците, моловите, започнувањето на авто-школите со работа, тренинзите итн.

По изменетите Уредби денеска започнува втората фаза од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, усвоен со вчерашната одлука на 51-вата седница на Владата.

Во продолжение се приложени сите точки со мерки и препораки од шестте протоколи.

ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕНИНГ НА СПОРТИСТИ ВО ПОЕДИНЕЧНИ СПОРТОВИ

1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)
2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски  услови
3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите
4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери
5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг  и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува
6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник
7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните
8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание
9. Тренингот да се обавува на отворен простор

ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА ТРОЈЦА

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, но и 20 новозаболени, информира Министерството за здравство. Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид-19.

МАЛИШЕВА ОТКРИВА КАКО СЕ СЛУЧИ ДИВО НАСЕЉЕ

Албанската емисија „Топ Стори“ направи документарен филм со Мухамед Красниќи, преживеаниот лидер од борбите со македонската полиција во кумановската населба „Диво Насеље“, кој во ексклузивен разговор од својата ќелија од затворот во Идризово  вели дека групата не земала пари за терористичкиот акт, туку наседнале на националистичка реторика.

- Али Ахмети беше на власт во тоа време. Ако ги земете нивните изјави, Тачи, Ахмети, Груевски, нивните потези, јасно е дека тие го организираа насилството за да не стават во замка, го злоупотребија нашиот патриотизам, вели поранешниот член на ОВК познат уште како и Малишева за инцидентот кој ја потресе Македонија и регионот пред 5 години.

Тој вели дека мотив за терористичката акција не биле два милиони евра како што се тврди во медиумите, бидејќи „искусната“ група можела ако сакал, како што вели тој, да дојде до таа сума на пари на многу полесен начин.

СВЕДОЧЕЊЕ ЗА 27 АПРИЛ

Антонио Кочков, припадник на ВМРО-ДПМНЕ кој претходно сведочеше на судењата за претепувањето на Зијадин Села и за упадот на 27 април во Собранието, денеска повторно беше во улога на очевидец во кривичниот суд но овој пат за организирањето на „крвавиот четврток“, при што рече дека во законодавниот дом отишол да се види со луѓе од партијата кои претходно му помогнале.

- Имавме вибер група преку која комуницираме и каде се кажуваше кога и каде треба да се собереме, изјави сведокот. Влегов во Собранието во салата. Бидејќи беше многу топло и веќе ме видоа дека сум присутен, сакав да си одам. Кога си одев, се качив по едни скали нагоре, зошто не знаев како да излезам. После се спуштив надоле свртев лево и всушност влегов во салата каде ги тепаа пратениците, рече сведокот на рочиштето.

Сведокот на барање на обвинителката Вилма Рускоска да каже со кој требало да се види, рече дека имало луѓе од партијата кои му помогнале и сакал да им се заблагодари и да ги поддржи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Образовните асистенти кои до средината на март беа ангажирани за работа со деца со посебни потреби во основните училишта во Скопје, останаа без денар во април и во мај. 

Нивниот ангажман е прекинат зошто училиштата нема да ја продолжат учебната година, па децата на кои им се потребни образовните асистенти остануваат дома.

И покрај тоа што ветија, а тоа и беше еден од главните адути за напад на претходната Влада, актуелните владини претставници не објавија транспарентно ниту еден од договорите за доделување на државна помош со странските инвститори на кои ставија свој потпис. 

На економистите никогаш не им било потешко отколку денес да предвидат колку точно ќе биде погодена економијата. 

Под услов дека наесен нема да се случи нов силен бран на пандемијата од коронавирусот, земјава ќе ја заврши годината со пад на БДП од 3,5 отсто, прогнозира во интервју за Фактор академик Таки Фити. 

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЕВЧАНИ - седуммесечно бебе почина откако паднало од импровизиран кревет, лекарите не успеале да го спасат

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЕВЧАНИ - седуммесечно бебе почина откако паднало од импровизиран кревет, лекарите не успеале да го спасат

ДИК ПРИФАТИ ПРИГОВОРИ, ДО ПЕТОК ЌЕ „ПРЕСЕЧЕ“ И УПРАВНИОТ СУД - може ли со прегласување да се намалат пратениците на Европскиот фронт

ДИК ПРИФАТИ ПРИГОВОРИ, ДО ПЕТОК ЌЕ „ПРЕСЕЧЕ“ И УПРАВНИОТ СУД - може ли со прегласување да се намалат пратениците на Европскиот фронт

„ВО МАКЕДОНИЈА НЕ МЕ ВРАБОТИЈА, НО ВО АНГЛИЈА СТАНАВ ШЕФ ВО ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ БОЛНИЦИ ВО СВЕТОТ“: Искуството на доктор Минов го сподели Димитров

„ВО МАКЕДОНИЈА НЕ МЕ ВРАБОТИЈА, НО ВО АНГЛИЈА СТАНАВ ШЕФ ВО ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ БОЛНИЦИ ВО СВЕТОТ“: Искуството на доктор Минов го сподели Димитров

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

„ А БЕ УРСУЛА, ВИЕ СТЕ СИ КРИВИ“: Се огласи и Колозова

„ А БЕ УРСУЛА, ВИЕ СТЕ СИ КРИВИ“: Се огласи и Колозова

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ЛОГА: Јавно го прашувам, колку измени и дополнувања на Изборниот законик гледа долу во фуснотата од 2019 до 2024? Галиба 6 се, нели Лога?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ЛОГА: Јавно го прашувам, колку измени и дополнувања на Изборниот законик гледа долу во фуснотата од 2019 до 2024? Галиба 6 се, нели Лога?

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО СЕ СООЧУВААТ СО НОСТАЛГИЈА: Како да ја пребродат оваа состојба?

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО СЕ СООЧУВААТ СО НОСТАЛГИЈА: Како да ја пребродат оваа состојба?

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

НАЈЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СИЛЈАНОВСКА НЕ ГО ПРЕКРШИЛА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Во моментот кога ја дава заклетвата таа не е претседател и нема обврска да го употребува името

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“