06 Декември, 2025
0.0322

(ВИДЕО) Малишева ексклузивно од ќелијата во Идризово: Можевме да ја ограбиме која било банка, наместо да одиме во Диво Насеље

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2020 11:29

Добивај вести на Viber

Албанската емисија „Топ Стори“ направи документарен филм со Мухамед Красниќи, преживеаниот лидер од борбите со македонската полиција во кумановската населба „Диво Насеље“, кој во ексклузивен разговор од својата ќелија од затворот во Идризово  вели дека групата не земала пари за терористичкиот акт, туку наседнале на националистичка реторика.

- Али Ахмети беше на власт во тоа време. Ако ги земете нивните изјави, Тачи, Ахмети, Груевски, нивните потези, јасно е дека тие го организираа насилството за да не стават во замка, го злоупотребија нашиот патриотизам, вели поранешниот член на ОВК познат уште како и Малишева за инцидентот кој ја потресе Македонија и регионот пред 5 години.

Тој вели дека мотив за терористичката акција не биле два милиони евра како што се тврди во медиумите, бидејќи „искусната“ група можела ако сакал, како што вели тој, да дојде до таа сума на пари на многу полесен начин.

- Нашата група од 40-ина членови можеше да ја ограби која сака банка во регионот и да земе многу повеќе пари на многу посигурен начин. Нема таков факт, нема докази, немаше пари на судењето, никогаш не се споменаа. Убеден сум дека не постои такво нешто, ние сме страдалници, знам од каде потекнува предавството и кој му служеше на предавството, ќе дојде време кога ќе ги откриеме имињата, вели Красниќи во документарецот кој во Албанија беше објавен вчера.

Лидерот на „кумановската група“ додава дека Али Ахмети му дал список на Хашим Тачи од 50 имиња за кои „Косово не требало да интервенира и да не ги спречува да ја преминат македонско-косовската граница“.

Красниќи додава дека македонската полиција прва почнала да пука, според него, неконтролирано и без предупредување.

„Поголеми уништувања имаше од македонска страна, а не од нас, тие уриваа куќи, тие пукаа неконтролирано со кој било арсенал, па дури и од хеликоптери “, раскажува Красниќи.

Тој потврди дека успеале да стапат во контакт со Али Ахмети за време кога било најгусто, но дека тој рекол дека нема шанси да им отвори коридор за бегство па и дека тогаш не верува дека тоа не би било некаква замка. Красниќи вели дека телефонски зборувал со Артан Груби од ДУИ но имал чувство дека оваа партија посакувала сите членови на групата да бидат убиени во престрелките.

Осудените се распоредени во затворите во Шуто Оризари и Идризово, а во моментов се надеваат на ревидирање на одлуката на затворските кази од страна на Врховен суд.




* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија