19 Мај, 2024
0.0300

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србија ни донираше уште 40.000 вакцини, денес имаме над 1.400 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Април, 2021

Добивај вести на Viber

СРБИЈА ДОНИРАШЕ УШТЕ ВАКЦИНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Во Македонија денеска пристигна втората донација од Србија. Премиерот Зоран Заев информираше дека станува збор за два пати по 20.000 дози од вакцината Спутник V, при што изрази огромна благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и останатиот државен врв. 

Рече дека со ваквиот благороден пријателски гест на соседна Србија ќе може непречено во Македонија да продолжи вакцинацијата чиј старт беше вчера. Истовремено, Заев апелираше граѓаните масовно да се пријават за вакцинација, бидејќи единствениот излез од пандемијата е само доколку има огромен број вакцинирани.

– Подготвена е салата „Борис Трајковски“, подготвени се вакциналните пунктови во сите градови и продолжуваме со масовна вакцинација – рече Заев.

Премиерот нагласи дека сите вакцини се сигурни и безбедни, дека не постои причина граѓаните да стравуваат.

ДЕНЕС ИМАМЕ НАД 1.400 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци - 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино - 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Регистрирани се 761 оздравен пациент од:

Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.

Пријавени се вкупно 29 починати лица: 10 од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

КРИВИЧНА ЗА ДИРЕКТОРОТ ВО КИЧЕВО КОЈ ИСТАКНА ТАБЛА СО „РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА“

Министерството за внатрешни работи објави дека против директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи,е поднесена кривична пријава откако во јавноста беше обелоденет случајот дека во оваа установа поставена е информативна табла со назив „Република Албанија“.

Функционерот е под сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на Република Северна Македонија“.

На 25 март 44-годишниот директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“, дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик.

КОВАЧЕВ СО ШЕГА ЗА 1 АПРИЛ

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев саркастично објави првоаприлски пост во кој наведува дека двајцата лидери на двете најголеми политички партии - Зоран Заев и христијан Мицкоски на својата последна средба договориле признавање на Цар Самуил како Бугарин.

„Мојата најискрена честитка до премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицковски! Вистински европски лидери! Само што разбрав дека како резултат на нивниот состанок пред некој ден, Владата на РСМ презеде одлука за усвојување и воведување во учебниците, од денес, 1 април, во кои се општо прифатени дефинициите од светската историографија да бидат усвоени и применети за внатрешна службена употреба и дека историските факти повеќе нема да бидат фалсификувани, искривени, маскирани и толкувани. 

ПОПИСОТ НЕ ПОЧНА, СОБРАНИЕТО Е НА ПОТЕГ

Државниот завод за статистика соопшти дека нема да почне на терен со активности за пописот, кој требаше да стартува од денеска.

„Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен“, соопштија од ДЗС.

Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако почна пандемијата на коронавирусот, армија луѓе во земјава останаа без работа, а зголемен е и бројот на корисници на социјална помош.

Цементарница „Усје“ е исклучок од правилото за негативното влијание на корона кризата врз бизнисот. Друштвото лани направило профит од 24,7 милиони евра и тоа е за 20 отсто подобар резултат на приходи кои се исти како и во 2019 година. Цементарница лани имаше извоз на девизи во форма на дивиденда во вредност од речиси 40 милиони евра

Во низата лоши вести, долга пандемија, недостиг од вакцини, економска криза, Македонија се најде во светски извештај по добра работа.

Нема правда за работниците од приватниот сектор во однос на оние од администрацијата, па дури ни во поглед на боледувањата.

Заев како премиер и Мицкоски како лидер на опозицијата за првпат по подолго време ги тргнат настрана суетите и излегоа од вкопаните партиски ровови.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места