Андреј Ковачев на 1 април: Заев и Мицкоски договорија дека Самуил е цар на Бугарите
Објавено во: Македонија 01 Април, 2021 12:44
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев саркастично објави првоаприлски пост во кој наведува дека двајцата лидери на двете најголеми политички партии - Зоран Заев и христијан Мицкоски на својата последна средба договориле признавање на Цар Самуил како Бугарин.
„Мојата најискрена честитка до премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицковски! Вистински европски лидери! Само што разбрав дека како резултат на нивниот состанок пред некој ден, Владата на РСМ презеде одлука за усвојување и воведување во учебниците, од денес, 1 април, во кои се општо прифатени дефинициите од светската историографија да бидат усвоени и применети за внатрешна службена употреба и дека историските факти повеќе нема да бидат фалсификувани, искривени, маскирани и толкувани.
Според оваа одлука на владата, Цар Самуил ќе биде признат за цар на Бугарите, Браќа Миладинови, Григор Парличев, Кузман Шапкарев, Рајко Жинзифов и сите други преродбеници од 19 век ги прогласија за етнички Бугари кои својот јазик го создадоа и го нарекоа бугарски. Задоволен сум и од фактот што на експлицитно инсистирање на г. Мицковски, лидер на ДПМНЕ („ВМРО“) - право на етничко самоопределување како Бугари им се препишува на Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Иван Михаилов“, пишува Ковачев во дел од постот.
Во својата првоаприлска шега вели дека двајцата лидери изразиле „посветеност да се стави крај на сите негативни медиуми и лобистички кампањи, како и операции на скопските тајни служби против и во Бугарија“.
„На крај, но не и најмалку важно, ја поздравувам одлуката да престане да се користи терминот „Бугарски фашистички окупатор“ и негова замена со терминот „германски нацистички окупатор и бугарската администрација привремено назначена од него, составена главно од локални Македонци“. Исто така, беше одлучено да се третира периодот „меѓу двете светски војни“ како период на српската окупација. Во исто време, прославата на националниот празник „прва пушка“ е откажана. Ова се огромни чекори во вистинската насока!
Уште еднаш им честитам на властите и опозицијата на Република Северна Македонија за смелите и неизбежни одлуки да се прекине со наследството на комунизмот и лагите на Титова Југославија! Патот кон ЕУ е отворен! Заедно сме посилни! Искрена благодарност и до македонските медиуми, покривајќи ја оваа моја честитка! “ пишува Ковачев.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




