ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова вели дека Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитува
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА
Претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова денеска изјави дека не го прекршила Преспанскиот договор кога ја давала свечената изјава во Собранието, кога ја испушти „Северна“.
„Јас ја потпишав изјавата со актуелното име, името од Преспанскиот договор. Меѓутоа, јас исто така верувам во слободата на изразување на мислата, слободата на самоидентификација и слободата самоопределување која не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална. Значи, за мене, слободата на мислата како дел од Универззлната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор“, изјави денеска Силјановска-Давкова.
Првиот човек на Министерството за здравство во техничката влада Илир Демири вели дека не ја разрешил организационата директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази бидејќи немало доказ дека таа го прекршила законот.
„Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица, тие се вработени во 2023 година. Каде бевте вие, новинарите, директорите и министрите да кажете за квалитет и за неквалитет? И зошто дозволувате тие луѓе да се на список за дежурства и на смени, а реагирате еден месец пред изборите? Јас чекав да поминат изборите, дел од фактите ги објавив на страната на Министерството. Медицинскиот директор и колегата кои правеа мобинг ги разрешив. Иљази во ниеден момент не го прекршила законот“, рече Демири.29 годишниот Амар Исмани од Скопје популарен пејач е жртвата по синоќешното пукање на Пластичарска улица, дознава ТВ21.
Првично избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање.
Амар Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата јутуб.