18 Јули, 2024
0.0290

ТЕРМОЦЕНТРАЛИТЕ „ДИШАТ НА ШКРГИ“ – недостига квалитетен јаглен за да работат, но се ближи и нивниот крај

Објавено во: Економија 27 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

По огромниот пад на домашното производството на електрична енергија од термоцентралите во нашата земја минатата година прв пат има пресврт. Бројките покажуваат дека производството на во 2021 година има најголем историски пад на ниво од 2.078,3 гигаватчаса (GWh).

Факт е дека најголем дел од електричната енергија во Македонија се добива од термоцентралите. Во вкупниот инсталиран капацитет, термоцентралите имаат најголемо учество со 39,28 проценти, потоа следуваат хидроцентралите со 27,34 отсто, фотонапонските електроцентрали со 19,22 проценти, комбинираните постројки за производство на електрична и топлинска енергија со 10,92 отсто и сите преостанати со 3,24 проценти. Во електроенергетскиот систем во 2023 година се приклучени нови производители на електрична енергија со инсталиран капацитет од 367,3 мегавати (MW).

- Најголем дел од новите електроцентрали во 2023 година се фотонапонски електроцентрали со вкупен инсталиран капацитет од 361,9 мегавати. Производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија е променливо на годишно ниво и зависи од хидролошките услови и производството на електрична енергија од хидроелектроцентралите – укажуваат регулаторите во годишниот извештај.

Во вкупното производство на енергија за 2023 година, обновливите извори учествуваат со 33,15 проценти, а производството од термоелектроцентралите и комбинираните постројки за производство на електрична и топлинска енергија учествува со 66,85 отсто. 

Најголемото производство секако отпаѓа на термоцентралите кои обезбедуваат 46,27 отсто од енергијата, па хидроелектроцентралите со 25,15 проценти, комбинираните постројки учествуваат со 20,57 отсто, па сите останати со 8,01 проценти. Најголем производител на електрична енергија минатата година, како и претходните е АД ЕСМ Скопје, во државна сопственост, со 62 отсто учество во вкупното производство на електрична енергија..

Регулаторите укажуваат дека по континуираното намалување на вкупното домашно производство на енергија во периодот од 2013 до 2021 година, во 2022 година и особено во 2023 година има пресврт и значителен пораст на домашното производство. Па така, ако во 2013 година производството достигнало 5.676 GWh, додека во 2023 година биле произведени 6.553 GWh што е за 15,44 проценти повеќе.

Години со најмало производство на електрична енергија се  2014 кога истото изнесувало 4.982 GWh, како и во 2020 година кога истото изнесувало 5.128 GWh.

- Во 2023 година вкупното домашно производство изнесува 6.553 GWh или за 919 GWh поголемо споредено со производството во 2022 година. Порастот на производството во 2023 година се должи на зголеменото производство на електрична енергија од електроцентралите кои користат ОИЕ, како и на зголеменото производство од ТЕ-ТО АД Скопје. Во анализираниот период, производството на АД ЕСМ Скопје е најмало во 2021 година и изнесува 3.274 GWh, коешто споредено со производството во 2013 година е помало за 36 отсто – нагласуваат регулаторите.

Од таму додаваат дека АД ЕСМ Скопје од 2014 година, произведува електрична енергија под 5.000 GWh годишно. Во периодот 2020-2022 година просечното годишно производство е под 4.000 GWh и има намалување на производството на електрична енергија и кај хидроелектроцентралите и кај термоелектроцентралите.

-  Производството на електрична енергија во термоелектроцентралите бележи пад. Во 2021 година е забележан историски пад на производството на електрична енергија од термоелектроцентралите на ниво од 2.078,3 GWh, од кои термоелектроцентралите во РЕК Битола произвеле само 1.864,4 GWh електрична енергија, што претставува 44,48 отсто намалување на производството од РЕК Битола споредено со 2013 година. Во 2023 година состојбата е подобрена, производството во РЕК Битола изнесува 2.511 GWh и бележи пораст од 6,66 проценти споредено со 2022 година – укажуваат од РКЕ.

ТЕЦ Осломеј има раст на производството во 2021 и 2022 година, но во 2023 година бележи пад и изнесува 174,74 GWh. Во разгледуваниот период од 2013 – 2023 година ТЕЦ Осломеј има произведено максимални 267,44 GWh во 2022 година, додека најниско производство на електрична енергија во ТЕЦ Осломеј имало во 2016 година од само 26,8 GWh.

- Намалувањето на производството во термоелектроцентралите се должи на многубројните дефекти и зголемениот број прекини во работата на РЕК Битола, намалување на ископаните количества на квалитетен јаглен, приближување кон крајот на животниот век на термоелектроцентралите и несоодветните инвестиции, намалување на ефикасноста во работењето... 

ТЕЦ Осломеј во последните години има мало производство поради тоа што целокупните резерви на јаглен во РЕК Осломеј се веќе искористени. Зголемувањето на производството во 2021-2023 година се должи на набавка на јаглен од надворешни испорачатели. 

Во декември 2021 година беше пуштена во работа ТЕЦ Неготино, којашто користи мазут како примарно гориво за производство на електрична енергија која продолжи да работи и во 2023 година. Пуштањето на ТЕЦ Неготино беше економски оправдано затоа што цената на произведената електрична енергија од мазут од оваа електрана беше пониска од берзанските цени во поголемиот дел од 2022 година. Во 2023 година ТЕЦ Неготино работеше само во периодот од јануари до април 2023 година и со тоа вкупното производство на електрична енергија изнесуваше 346,24 GWh – укажуваат регулаторите.

Во извештајот е потенцирано дека во Македонија, во изминатиот период, имало значителен интерес за изградба на електроцентрали од обновливи извори на енергија, а особено на фотонапонски електроцентрали. Најзабележителен е порастот во производството на електрична енергија од фотонапонските електроцентрали од 287 проценти во 2023 година споредено со 2022 година, или 298 GWh. Споредено со 2013 година производството на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали е значајно зголемено за 3.325,4 отсто.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

АРМАНИ И ДИОР ПОД ИСТРАГА: нов скандал на повидок?! - модните брендови ги отфлаат обвинувањата

АРМАНИ И ДИОР ПОД ИСТРАГА: нов скандал на повидок?! - модните брендови ги отфлаат обвинувањата

Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД

Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД

„КРАЛОТ НА КАФЕТО“ НОСИ ЛОШИ ВЕСТИ: Заради новите правила на ЕУ, цената на шолја од овој напиток многу ќе поскапи!

„КРАЛОТ НА КАФЕТО“ НОСИ ЛОШИ ВЕСТИ: Заради новите правила на ЕУ, цената на шолја од овој напиток многу ќе поскапи!

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот