ДЕМИРИ: Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024
Првиот човек на Министерството за здравство во техничката влада Илир Демири вели дека не ја разрешил организационата директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази бидејќи немало доказ дека таа го прекршила законот.
„Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица, тие се вработени во 2023 година. Каде бевте вие, новинарите, директорите и министрите да кажете за квалитет и за неквалитет? И зошто дозволувате тие луѓе да се на список за дежурства и на смени, а реагирате еден месец пред изборите? Јас чекав да поминат изборите, дел од фактите ги објавив на страната на Министерството. Медицинскиот директор и колегата кои правеа мобинг ги разрешив. Иљази во ниеден момент не го прекршила законот“, рече Демири.
Тој им порача на новинарите да се занимаваат со поважни работи.
И дел од вработените имаа поплаки за Иљази, а таа го навреди доктор Нико Беќаровски, со зборовите дека бил од „времето на друже Тито“.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.