07 Декември, 2024
0.0383

НЕ УСПЕА ОБИДОТ НА ПОМАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ ЗА ПОГОЛЕМА ДИВИДЕНДА - „Гранит“ ќе дели по 42 денари за акција, еве кои се причините

Објавено во: Економија 27 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

„Гранит“ сепак ќе дели дивиденда од 42 денари по акција, онака како што предлагаше Управниот одбор на компанијата, а не по 70 денари, како што бараа група помали акционери, кои заеднички поседуват над 5 отсто од акциите.

Оваа одлука била донесена на годишното Собрание на акционери, кое се одржа во петокот минатата недела, а за што компанијата ја извести инвеститорската јавност преку Берзата.

Ова практично значи дека предлог одлуката која ја даде Управниот одбор, а зад која генерално стои семејството Милковски, кои се најголеми акционери во компанијата, практично ја поддржале мнозинството сопственици на акции, кои заеднички располагаат со над 50 проценти од капиталот. Додека, пак, не беше успешен обидот на групата помали акционери, да се дели поголема дивиденда, односно по 70 денари.

А, генерално, разноликоста на мислењата се состоеше во тоа дека Управниот одбор сметаше дека и покрај солидните резултати, не е потребно голем дел од средствата да одат за дивиденди, туку треба да се мисли за стабилноста и иднината на компанијата, додека, пак, помалите акционери беа на став дека има дволно средства да се засили сумата што ќе се подели во форма на дивиденди за акционерите, сразмерно на нивниот сопственички капитал.

Така што, одлуката гласи дека ќе се дели дивиденда од 42 денари за акција, за што компанијата ќе намени вкупна сума од 1,89 милиони евра.

Или практично, Собранието на акционери ја изгласа одлуката на Управниот одбор на компанијата, а таа е нето добивката остварена во минатата година од 2,48 милиони евра, да биде насочена за реинвестирање.

Додека, пак, како дивиденда ќе се наменат средства од акумулирани нераспределени добивки, остварени до крајот на 2008 година, на сума од 1,89 милиони евра.

Последен на тргување со право на дивиденда е 5 јуни оваа година.

Како што веќе пишуваше Фактор, група акционери на градежната компанија „Гранит“, кои заеднички поседуваат над 5 отсто од акциите бараа поголема дивиденда од таа што ја предложи Управниот одбор, или, дивидендата да биде 70 денари бруто по акција, наспроти 42 денари колку што претходно предложи Управниот одбор на компанијата.

Станува збор за акционерите Владе Велиновски, Данчо Масев, Ленче Масева и Нова стоковна куќа Струмица, кои заедно поседуваат повеќе под 5 отсто од вкупниот број акции со право на глас во сопственичката структура на „Гранит“.

Како образложение го дадоа фактот што, според извештаите за 2023 година, „забележливо било дека компанијата располага со висок износ на вложувања расположливи за продажба во котирани друштва во износ од 1.620.140.000 денари (26 милиони евра- н.з.), и од тие вложувања ќе обезбеди реални приливи по основ на дивиденди од преку 103.000.000 милииони денари (1,67 милиони евра –н.з.) во текот на оваа година. Дополнително, има вложувања според објективна вредност, кои се евиденирни како вложувања во Отворени инвестициски фондови, од кои најголем дел се инвестирани во парични фондови, со низок ризик и висока ликвидност во вкупен износ од 102.563.000 денари (1,67 милиони евра – н.з.). Исто така, како што велат, компанијата има и висок износ на акумулирана добивка, во вкупен износ од 2.314.733.000 денари (37,64 милиони евра –н.з.)“.

Беа наведени и серија други аргументи за повисока дивиденда.

Но, на ова стигна опширен одговор од „Гранит“, со кој тие остануваат на својата претходна одлука, давајќи осврт на финансиската состојба и работењето, како и серија аргументи зошто не треба да се исплати повисока дивиденда.

„Друштвото располага со вложувања расположливи за продажба во котирани друштва во износ од 1.620.140.000 денари, и од истите ќе наплати дивиденда во износ од 103.000.000 денари. При донесување на Предлог Одлуката за исплата на дивиденда од страна на Управниот Одбор на Друштвото во вкупен износ од 116.348.568 денари, приливот на дивиденда од вложувањата во котирани друштва е земен предвид и вклучен во предложениот износ. Потоа, друштвото располага со удели во Отворен инвестициски фонд – КБ Паричен Фонд во износ од 95.572.000 денари, кои се само 1,1 отсто од вкупните средства, што не е висок износ, туку тие се парични средства кои ги подмируваат тековните обврски (неисплатени плати за декември 2023 во износ од 59.324.000 денари, неплатен ДДВ за декември 2023 од 10.030.000 денари, исплата на рати по земени кредити од банки за јануари 2024 од 10.000.000 денари и плаќање на тековни набавки за проектите). Овие средства се веќе потрошени за исплата на обврските од тековното работење“, возвраќаат од УО на „Гранит“.

Натаму, како што објаснија, друштвото располага со акумулирана добивка во износ од 2.314.733.000 денари, но акумулираните добивки не се расположливи во високо ликвидни средства, туку во вложувања кои треба да дадат стабилен принос во наредните години, потенцираат од УО.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи