21 Мај, 2024
0.0308

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Расте бројот на заразени, граѓаните брзаат да се вакцинираат

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Август, 2021

Добивај вести на Viber

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница  - по 3, Ресен и Македонски Брод  - по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8,  Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.

Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г).  Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ ИЗГАСНАТИ, НО ИМА И НОВИ ЖАРИШТА

Активни во земјата се три поголеми пожари и тоа близу „Јасен“, над селата Дивље и Крушје и во прилепско Топлица. 

Според Центарот за управување со кризи до 16 часот на територијата на Македонија има шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола. 

Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.

ГРУБИ ГО ОТКАЖА КОНЦЕРТОТ НА ПЛОШТАД

Откажан е големиот концерт кој требаше да се одржи по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор, потврди денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Сепак останува да се одржи прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе. 

Откажувањето следува по бурните реакции за одржувањето на прославите поради зголемувањето на бројот на заболени, а во време кога се носат мерки за заштита и нови ограничувања. Груби вели дека реакциите се масовна хистерија која не ја разбира. 

ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА ПРАВЕЛЕ СВАДБА, А ДРУГИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО

Македонски ковид свадби ги полнат болниците во охридско –струшкиот регион.

Младоженци од Австрија кои свадбената веселба одлучиле да ја прават во родниот Охрид, завршија во болница откако кај двајцата бил дијагностициран опасниот вирус, објави Алфа

Полицијата ќе поднесе соодветни пријави на четири лица од гостиварско кои ја напуштиле државата, а имале решенија за самозилоација заради позитивни резултати на ковид тест.

Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден (10.08.2021), при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонскиот дизајнер Ласко Џуровски преку неговиот нов фонт „Рацин" освен што ја збогатува македонската типографија ја прави и посебна употребата на ракописниот стил на македонската кирилица. Фонтот е директно инспириран од ракописот на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. 

Владата на Зоран Заев во ланската 2020 бележи најслаба година и вртоглав пад кога станува збор за инвестициите во изградбата на националните и регионалните патишта во земјата кои се клучни за економски развој.

Нови лични карти не се издаваат и не се знае кога ќе ги има. Причина за тоа е блокираниот предлог закон за лични карти, со над 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, од кои 1.200 се од партијата Левица.

За произведени 1,1 милиони мегаватчасови за десет години работа (за споредба Македонија годишно троши над 6 милиони мегаватчасови струја) малите хидроцентрали од сите нас наплатија 90 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази