19 Мај, 2024
0.0397

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна вакцинацијата, денес има над 1.500 заразени, починаа и две родилки

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2021

Добивај вести на Viber

ПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО АСТРАЗЕНЕКА

Денеска официјално во земјава почна вакцинацијата против корона вирусот со вакцините на АстраЗенека, кои земјава ги доби преку Кобакс механизмот.

Според здравствените власти се се одвива во најдобар ред. Во вакциналните пунктови во Скопје и во останатите градови први беа повикани граѓаните над 75 години, додека пак, вакцинацијата со АстраЗенека засега е стопирана за лицата помлади од 60 години.

Од денеска во Македонија почнува имунизацијата на населението со првите 24.000 дози вакцини од АстраЗенека кои викендов стигнаа во земјава.


ПОЧИНАА ДВЕ РОДИЛКИ 

Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица од вирусот Ковид-19, дознава Плусинфо.

За двете ова било второ породувње, а нивната здравствена состојба била многу тешка.Едната имала 33, другата 32 години. Како што наведува порталот, бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба.

ДЕНЕС ИМА НАД 1.500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар – 1.

Регистрирани се 587 оздравени пациенти од:

Скопје – 316, Прилеп – 31, Куманово – 26, Велес – 23, Тетово – 22, Кавадарци и Битола – по 18, Гостивар – 17, Неготино -14, Штип, Струмица и Гевгелија – по 13, Крива Паланка – 8, Берово и Крушево – по 6, Кочани, Кичево, Ресен и Пробиштип – по 5, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Охрид, Радовиш, Виница, Валандово и Демир Капија – по 2, Делчево – 1.

Пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г). Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.

28 ГОДИШНА ДЕВОЈКА ИМА КОМПЛИКАЦИИ ПО ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО СРБИЈА

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по повод стартот на масовната вакцинација соопшти дека одлуката да не се вакцинираат лица под 60 години со АстраЗенека е од претпазливост.

-Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одием полека но сигурно и во таа смисла ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. Веќе денеска од Германија има други најави дека ќе се продолжи со вакцинацијата, но по направена косултација со лекар. Затоа сакаме да бидеме навистина претпазливи. Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност при Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, со која што сакаме да размениме соодветни информации, евентуално до Европската Агенција за лекови и деректно до германското министерство за здравство, рече Филипче.

Иако се ретки, сепак се јавуваат тримботични реакции по примање на првата доза од вакцината, нагласи министерот, и посочи дека кај нас има веќе еден таков случај.

ЗАЕВ ДАДЕ КОМЕНТАР ЗА НЕСОГЛАСУВАЊАТА МЕЃУ ФИЛИПЧЕ И ПЕНДАРОВСКИ

Премиерот Зоран Заев денеска во својот коментар за вчерашното препукување и меѓусебно обвинување помеѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателот Стево Пендаровски за доцнењето на вакцините против Ковид-19 го оцени како слобода во демократско општество.

- Слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа не значи дека не се почитуваме, рече Заев, одговарајќи на новинарско барање да ја искоментира вчерашната преписка помеѓу Филипче и Пендаровски.

Според Заев, не е срамота тоа што граѓаните се вакцинирале во Србија, како што искоментира Пендаровски, затоа што тие таму оделе како индивидуалци по сопствена волја, односно не ги организирала државата.

ЛЕТОВО МОЖЕ ДА ПАТУВАМЕ ВО ГРЦИЈА, НО ИМА УСЛОВИ

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека е во постојана комуникација со неговиот грчки колега, а во разговор со грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис бил известен дека на 14. мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ и за македонските граѓани. 

Граѓаните на Македонија кои планираат да патуваат во грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Доколку по завршување на пандемијата на коронавирусот планирате да одите на печалба, скандинавските земји имаат највисоки плати. 

Управниот Одбор на АД МЕПСО во понеделникот ја усвоил консолидираната годишна сметка и годишниот финансиски извештај од работењето во 2020, а компанијата деловната година ја заврши со загуба од 357.855.000 денари, или 5,818 милиони евра.

Повеќе е од вообичаена зграда, многу повеќе и од објект во кој може да се организираат и сместат канцеларии на компании.

Денеска стартува вакцинацијата на повозрасните наши сограѓани, над 77 години. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека матичните лекари се тие што ги повикуваат овие пациенти за вакцинација, засега со вакцината на АстраЗенека, со цел пред да бидат имунизирани, да се направи и проценка на нивната здравствена состојба.

Костов, Илоски и Стевкова – Штериева поделија 1,02 милиони евра (бруто) за плати, награди, надоместоци и други фиксни и варијабилни надоместоци во годината во која „Комерцијална банка“ ја има рекордната добивка.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична