19 Мај, 2024
0.0273

Ако по пандемијата планирате работа во странство, еве каде во Европа има највисоки плати

Објавено во: Економија, Корона Вирус 31 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Доколку по завршување на пандемијата на коронавирусот планирате да одите на печалба, скандинавските земји имаат највисоки плати.  

Иако македонските граѓани масовно заминуваа изминативе години во Германија, сепак оваа земја не е лидер по висината на платите во европското семејство.  Евростат објави во која земја колку изнесува просечната плата, при што на врвот е Данска. Оваа земја има просечна плата од 4.057 евра, а зад неа е Луксембург со плата од 3.671 евра месечно, проследено со Шведска (3.135 евра), Белгија (3.092 евра), Ирска (3.021 евра), Финска (2.958 евра) и Германија (2.891 евра). Износот на платите е многу важен фактор за луѓето кои заминуваат на работа во странство.

„Данска и Шведска се земји со високи плати. Апсолутно платите се важен фактор, но луѓето ја гледаат и социјалната инфраструктура во таа држава. Бираат целосен пакет каде ќе заминат, затоа што во високо развиените земји грижата за граѓаните е на едно многу високо  ниво“, изјави Донка Спасовска од агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“.

Македонците кои работат во Луксембург се презадоволни од она што земјата го нуди.

„Се сеќавам првиот месец на работа овде ми стигна плата колку за цела година во Македонија. Мојата сопруга е овде, и најдобро беше да останеме. Здравството и администрацијата се на врвно ниво. Не е се во платата, но по статистика Луксембург има висока плата во однос ЕУ и пошироко. Но, сепак за многу луѓе таа не е доволна за купување на куќи, станови поради високите цени, посебно за поединци што се дојдени на печалба“, вели Македонец кој живее во Луксембург.

Балканските земји кои се членки на ЕУ немаат високи плати. На дното во ЕУ е Бугарија со својата просечна месечна заработка од 442 евра.  Романија има просек од 700 евра месечно, Унгарија следи со 801 евро и Литванија  со 809 евра.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија