16 Мај, 2024
0.0296

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет нови починати, а родилката oд Куманово со влошена состојба

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Пет пациенти се починати, од Куманово, од Лабуништа, Челопек, Штип, изјави министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција. 

Влошена е и состојбата на родилката од Куманово, вели министерот. 

Во Штип има хоспитализирани луѓе со лесна, но и со потешка клиничка слика. 

„Остваривме посета во болницата во Куманово со државниот секретар и претставници на Институтот за јавно здравје, со оглед на тоа што 18 здравствени работници се заразени“, вели Филипче. 

Инфективното одделение во кумановската болница е погодено од заразата. 

Од болницата му било соопштено дека имаат доволно заштитна опрема. 

„Нема друго одделение ко ее компромитирано“, рече министерот. 

Дијагностицирани се 29 нови, и сега имаме 599 заразени во државата. 

ГУЖВИ ПРЕД БАНКИ И МАРКЕТИ

Во главниот град денеска беа забележани неверојатни гужви. Раздвиженоста на граѓаните е зголемена, пред утрешното воведување на рестриктивните мерки за движење, кои ќе почнуваат од 16.00 часот. 

Пензионерите побрзаа да си ги земат пензиите, така што пред банките Фактор регистрираше цели редици од луѓе. 

Никаде имало и инциденти па интервенирала и полицијата.

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ

Новото намалување на бензините доведе до најниски цени во последниве две години. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од синоќа на полноќ цената на 1 литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48.00 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се точи по 50,00 денари за литар. 

РЕК одлучи, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V),  да се намали за 1,00 денар, со што дизелот од синоќа на полноќ се точи по 45.00 денари за литар. 

ПОПЛАКИ ОД УГОСТИТЕЛИТЕ

Угостителите нема да ги користат олеснителните мерки на Владата, зошто според нив тоа ќе значи понатамошно задолжување, кое нема да можат да го издржат. Побараа од Владата, парите кои се наменети за нив да ги потроши на работниците, нагласувајќи дека од почетокот на кризата до сега, угостителите биле приморани да отпуштат од работа дури 15.000 луѓе.

На денешната прес-конференција на Туристичко угостителската комора на Македонија, бепе истакнато дека владините сет мерки се несоодветни, нецелосни и неразбирливи и побараа конкретни мерки кои ќе им ги покријат загубите од неработењето.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако опасниот коронавирус се прошири во Куманово, се бара и маска повеќе.

На улиците многу ретко се случува да се сретне граѓанин кој не носи маска. 

Освен што можат да се купат во аптеки, маски нудат и жени кои дома ги шијат, а потоа ги продаваат на граѓаните по нарачка.

Реномираните банки и меѓународни институции веќе почнаа да ги прават новите прогнози за тоа колку ќе паднат светските економии како последица на кризата предизвикана од коронавирусот.

Огромен пад на европските економии предвидува британската ХСБЦ банка. 

Еден од најпознатите македонски епидемиолози, професорот Драган Даниловски, за Фактор открива дека новиот корона вирус, кој светот го нарече Ковид-19, но според Меѓународниот комитет за токсикологија неговото вистинско име е САРС-КоВ-2, е најопасен од сите типови на корона вируси.

Владината Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, каде што новините всушност се однесуваат на користењето на деновите од годишниот одмор од 2019 година и 2020година, го затече Синдикатот, а и голем број од работниците во приватниот сектор.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија за Фактор велат дека новата Уредба за нив е нејасна и не е прецизна.

Богослужби  и Свети Литургии ќе има но ќе се одржуваат со неколкумина служители и со малку верници. 

Големиот христијански празник Велгиден оваа година ќе се празнува поразлично.

Да се скратат законските рокови и повратот на ДДВ наместо за 30 дена да се врши на 15 дена, а државата да ги исплати навреме сите обврски кои ги има кон приватните компании и кон општините, бара Стопанската комора на Макеоднија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното