14 Мај, 2024
0.0277

ПРОФЕСОР ДРАГАН ДАНИЛОВСКИ ЗА ФАКТОР: Новиот корона вирус САРС-КоВ-2 е најопасен од сите негови „собраќа“

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите македонски епидемиолози, професорот Драган Даниловски, за Фактор открива дека новиот корона вирус, кој светот го нарече Ковид-19, но според Меѓународниот комитет за токсикологија неговото вистинско име е САРС-КоВ-2, е најопасен од сите типови на корона вируси.

-Мојот став е дека новиот корона вирус од семејството коронавируси, неречен САРС-КоВ-2 е најопасен од сите негови „собраќа“. Неговиот извонредно висок епидемиски потенцијал се должи на фактот што многу лесно се пренесува од човек на човек по воздушно-капков и контактен пат. Едно инфицирано лице заразува 2-3 други. Имајќи предвид дека целокупната светска популација не поседува специфична отпорност кон него, јасно е дека тој ќе биде во состојба без отпор да се распространува меѓу луѓето, сè додека спонтано не „прегори“. Тоа ќе се случи кога ќе бидат опфатени околу 60% од светската популација, која брои околу 7,7 милијарди луѓе, вели професор Даниловски за Фактор.

Станува збор за смртоносен вирус, ама сепак не до таа мера, за веднаш да ги убие своите хумани домаќини (како САРС, смртност 10%, МЕРС 37%, ебола 80%), туку „дозволува“ голем дел да останат живи и подвижни, за да го сеат вирусот понатаму.

-Стапката на смртност не може прецизно да се определи, но, се проценува на околу 1-3%. Можеби, на крајот, ќе се сведе на околу 1%, откако ќе заврши пандемијата и ќе бидат достапни повеќе податоци за пропорцијата на асимптоматските инфекции. Кај нас е околу 3%, истакнува професорот.

Професорот нагласува дека е утврдено дека вирусот претставува „химера“ од два вируси, едниот, чијшто природен резервоар е еден вид лилјак и друг, чијшто природен резервоар е еден лушпест мравојад (панголин). Од првиот ја наследил вируленцијата, а од вториот, инфективноста.

-Се смета дека САРС-КоВ-2 вирусот се има појавено како сосема нов тип на вирус во семејството коронавируси, (во кое спаѓаат САРС-КоВ-2, причинителот на САРС, 2002-2003 година, причинителот на МЕРС, 2012-2013 година, како и четири типови кои предизвикуваат обична настинка. Првите случаи се регистрирани во градот Вухан во Кина во средината на декември 2019 година, заради инфекција со вирусот на „мокриот“ пазар во градот. Се смета дека природен резервоар на вирусот се еден вид лилјаци, а дека посреден резервоар е лушпестиот мравојад. Имено, Кинезите ги сметаат за посебен деликатес разните диви животни, како што се лилјаците, мравојадите, еден вид ласици (киветки), кои се природен резервоар на предизвикувачот на САРС итн, појаснува прфесор Даниловски.

Проценките за пропорцијата на асимптоматските случаи се движат меѓу 17,8 до 50%, а токму тие се главните пренесувачи на вирусот, а што се однесува до клиничката слика на заразените, професорот вели.

-Кај околу 80% клиничката слика ќе биде лесна и тие не бараат хоспитализација. Само кај 20% клиничката слика ќе биде тешка до критична и за нив е неопходно болничко лекување. Постојат асимптоматски случаи, кои се застапени во распон од 17,8 до 50%. Тие се најважните извори на зараза. Најтешка клиничка слика има кај постарите возрасни групи – преку 70 години. Смртноста кај нив е и најголема (70-79 гоф, 8%, преку 80 год., 15%).

Да не се споредува со сезонскиот грип

-Извонредно несериозно е КоВ-2 вирусот да се споредува со грипот и да се тврди дека се работи само за малку потешка варијанта на сезонски грип!  Пред сè, генерално земено, клиничката слика е значајно полесна кај грипот, отколку кај КОВИД-19. Смртноста кај грипот е само 0,1%, а кај КОВИД-19 е 1-3%. Потоа, сезонскиот грип нема пандемиски потенцијал, зашто кај популацијата постои секогаш, во одредена мера, специфичен имунитет, дури и кога настануваат нови соеви, на секои 2-3 години. И најважно е што за КОВИД-19, во моментов нема ниту сигурен лек, ниту вакцина, за разлика од грипот! И нема да има наредните година и пол најмалку, истакнува професор Даниловски за Фактор. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада