27 Април, 2024
0.0275

Бизнисот бара поврат на ДДВ на 15 дена, државата да се раздолжува навреме

Објавено во: Економија 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Да се скратат законските рокови и повратот на ДДВ наместо за 30 дена да се врши на 15 дена, а државата да ги исплати навреме сите обврски кои ги има кон приватните компании и кон општините, бара Стопанската комора на Макеоднија. Ова се само дел од клучните препораки и сугестии на стопанствениците кои ги застапува оваа комора, најголемата и најстарата во земјава. Бранко Азески, претседател на Стопанската комората вели дека пратил допис до сите членови на органите и телата на комората, да дадат идеи и предлози. Меѓу нив е и прашањето на парафискалните давачки, укинувањето на некои царини. Прашањето за долговите на државата и за повратот на ДДВ секако е важен од аспект во ова време да се одржи ликвидноста на компаниите во системот.  

„Предлагаме скратување на законските рокови за поврат на ДДВ од 30 на 15 дена и доследно почитување на тие рокови односно навремена исплата од државата. Компаниите бараат и привремено, во период од три месеци  односно април, мај и јуни 2020 година да се укинат царините за сите репроматеријали и суровини од увоз и инвестициска опрема, неопходни за производството, за големите и средни производствени претпријатија. но и да се да се исплатат обврските на државата и локалната самоуправа кон приватните претпријатија, вели Азески.

Тој го петнцира и прашањето за парафискалните давачки кои се на товар на компаниите, а кои како што вели секоја година за 400 милиони евра ја подјадуваат македонската економија. 

Од Министерството за финансии за Фактор велат дека сите предлози од бизнис заедницата се разгледуваат и се она што може реано да се имплементира и што е од интерес за најголем број на граѓани и стопанството се преземаат конкретни чекори. 

„Во однос на исплатата на обврските, мора да истакнеме, дека се што доаѓа за наплата во Трезорот на државата се сервисира навремено и уредно. Во однос на повратот на ДДВ на компаниите, со цел да се задржи ликвидноста на стопанството, истиот се сервисира навремено и најбрзо можно, согласно реалното време потребно за спроведување на постапката од страна на Управата за јавни приходи. Во месец март годинава вкупниот поврат на ДДВ изнесува 1.87 милијарди денари што е за 14 отсто повеќе споредено со претходната година кога изнесувал 1.63 милијарди. За навремениот и непречен поврат говори и фактот што само во првата недела од месецов веќе е исплатен  поврат од 1.2 милијарди денари, стои во одговорот на Министерството за финансии.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, на први април годинава изјави дека повратот на ДДВ и исплатата на сите обврски преземени од државата кон фирмите ќе се реализира во пропишаниот рок и ако е можно порано за да се задржи ликвидноста на компаниите.

Азески вели дека добил сугестија да се либерализира железничкиот сообраќај но министерот за транспорт Горан Сугаревски рече дека тоа е превидено за времето кога Макеоднија ќе стане полноправна членка на Европската Унија.

„Влезот на приватни оператори во железницата е стопиран во 2012 година со измена на Законот за железнички систем се до влезот на државата во ЕУ, и покрај фактот дека приватни оператори има во целото наше опкружување односно Грција, Бугарија, Србија, Косово. Неатрактивноста на железничкиот превоз е поголема поради предолгото време на возење, слаба искористеност на возните средства, премногу посредници при работењето што влијае на цената на чинење. Само за пример, превоз на еден контејнер со железница чини двојно повеќе отколку истиот да се превезе со камион. Минатата година вкупниот товарен превоз со железница (1,8 милиони тони) учествува со 2,6 отсто од реализираниот товарен патен превоз- 69 милиони тони, вели Азески. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра