15 Мај, 2024
0.0290

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 41 заразени, Османи, Спасовски и Димитриевски со негативни тестови

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Април, 2020

Добивај вести на Viber

ВО ЗЕМЈАВА ИМА НОВИ 41 СЛУЧАЈ НА КОВИД 19

Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти, додека во изминатото деноноќие потврден е 41 нов случај на Ковид-19 .Од оздравените 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекувале во домашни услови.

Од новозаболените пак, намногу се од Скопје или 17 лица. Од Куманово се 11, од Прилеп се пет, од Тетово се три, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1.

Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. 

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.

ОСМАНИ, СПАСОВСКИ И ДИМИТРИЕВСКИ СО НЕГАТИВНИ ТЕСТОВИ

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи објави дека е негативен на тестот за корона вирусот, откако од 16 април е во самоизолација. За техничкиот премиер Оливер Спасовски се уште не е познато дали се тестирал до сега.

- По една недела во самоизолација првиот тест за Ковид-19 е негативен. Како што се препораките, останувам во карантин се до резултатот од второто тестирање, објави Османи на Фејсбук.

Тој пред една недела го откажа учевството на состанокот на Советот за безбедност, и истакна дека ќе се повлече во изолација до вторник (21 април) за да направи тестирање на Ковид-19.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на Фејсбук информира дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направиле тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно имало тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од неговото семејство.

„Сите тестови се негативни. Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета. Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата. Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне“, пишува тој. 

Посакува закрепнување на сите граѓани кои се заразени со коронавирусот. 

Премиерот Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.

Согласно препораките на епидемиолозите, премиерот Спасовски останува и понатаму во изолација во домашни услови и најдисциплинирано ќе се придржува до препораките и советите на лекарите.

И во наредните денови во домашна изолација, премиерот Спасовски од дома преку дигитални алатки ќе ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.

Премиерот Спасовски апелира да се почитуваат мерките за  физичка дистанца, за носење заштитни маски и да се избегнуваат групирања.

ПОЗНАТО КОЛКУ ЌЕ ПЛАТИТЕ АКО НЕ НОСИТЕ МАСКА

Се дозна колку ќе тежат казните доколку граѓаните не носат маски, или за компаниите кои нив нема да им ги обезбедат на работниците за заштита од коронавирусот. 

Имено, за физичките лица казната за неносење маска е 20 евра, додека таа изнесува 2.000 евра за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот.

Ова е наведено во Уредбата која вчера ја донела Владата, а која излезе во службен Службен весник и од денеска стапува на сила.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Првиот човек на најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати вложи 50.000 евра во акции на компанијата со која управува. Во овие „коронарни“ моменти Јосифовски даде пример за почит, еден од класичните за јакнење на корпоративната култура. 

Ова е супер вест за инвеститорите на македонскиот пазар на капитал.

Нашинци кои работат во странство и странски туристи лани доаѓале со многу подлабок џеб за да трошат во Македонија. Доколку се внесува повеќе од 10.000 евра ефективни странски пари и чекови мора да се пријави кај царинските служби. 

Сумата на овие пријавени средства изнесува 17 милиони евра.

Децата кои се заболени од Ковид-19 најчесто немаат симптоми, а кај многу мал процент може да предизвика тешка форма на респираторна инфекција. 

Сепак факт е дека децата и бебињата не се имуни на Ковид-19. 

Околу 30 отсто или една третина од граѓаните во земјава не ја прифатиле понудата од банките да им се одложи плаќањето на кредитните рати во период од шест месеци. 

Можеби ќе ве интересира

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок