КОЛКУ ПРИФАТИЛЕ, А КОЛКУ ОДБИЛЕ - што им кажаа граѓаните на банките за одложување на ратите
Објавено во: Финансии 23 Април, 2020 07:09
Околу 30 отсто или една третина од граѓаните во земјава не ја прифатиле понудата од банките да им се одложи плаќањето на кредитните рати во период од шест месеци.
Затоа, пак, дури 70 отсто од нашето население побарале во следните половина година да бидат ослободени од плаќањето на обврските, со тоа што за овој период ќе им се пресметува каматата, а ќе ја плаќаат подоцна, заедно со другите рати од кредитот.
Ако сакаме да направиме споредба со соседна Србија, можеме да видиме дека во таа држава многу повеќе граѓани барале да добијат мораториум на плаќањето на кредитните обврски, односно дури 94 проценти, како што говори податокот на Здружението на банки на Србија. Додека, пак, само шест проценти од тамошните граѓани изрично побарале дека сакаат редовно да продолжат со отплатата на кредитните рати. Ова говори дека населението во Србија многу повеќе стравува дека ќе заглави поради корона кризата, во споредба со нашето.
Информацијата дека во земјава 70 отсто од граѓаните прифатило одложување на кредитните обврски, Фактор ја доби од Македонската банкарска асоцијација, каде што членуваат сите банки и штедилници во земјава.
„Според првичните податоци од сите наши членки - банки и штедилници, за прифаќање на понудите за олеснување на финансискиот товар со одложување на наплатата на кредитите се одлучија околу 70 отсто од кредитокорисниците - физички лица“, велат за Фактор од МБА.

Оттаму додаваат дека сите банки нудат и можност за граѓаните кои ја прифатиле понудата, а во следните месеци ќе сакаат и ќе можат да продолжат со плаќање на кредитите, да се изземат од понудата.
Исто така, банките ќе им излезат во пресрет и на барањата на своите клиенти кои сега ја одбиле понудата, а во наредниот период ќе проценат дека имаат потреба од привремено олеснување на финансискиот товар, дополнително да се приклучат кон понудата и наплатата на кредитот да им се одложи до завршување на грејс-периодот.
„Барањата за изземање или приклучување кон понудата, во претстојниот период ќе се процесираат индивидуално. Секој клиент што ќе има вакво барање ќе треба телефонски или со е-порака да ја контактира банката или штедилницата од која користи кредитен производ, за да се договори како да го достави барањето и притоа да биде заштитено неговото здравје“, објаснуваат од Македонската банкарска асоцијација.
Како што е познато, банките беа кртикувани во јавноста заради нивната одлука и за шестмесечниот грејс период да продолжат да ја пресметуваат каматата.
Во неодамнешно интервју за Фактор, Хари Костов, еден од највлијателните банкари и главен извршен директор на Комерцијална банка, потенцираше дека во ниту една земја која презема мерки за олеснување на отплатата на кредитите на населението, не постои одредба според која банките нема да пресметуваат камата за овој период за кој се одложува плаќањето.

„Има држави кои им субвенционираат дел од каматите на населението, или им даваат гаранции на банките за дел од отплатите на населенито. Но тоа се покрива од државниот буџет, а не се бара од банките да не пресметуваат или да ги отпишат каматите. Тоа е затоа што и во оваа коронакриза, колку и да не сакаме да признаеме, покрај државата, сепак банките ќе бидат тие кои ќе му помогнат на населението, уште повеќе на стопанството, па на крај и на државата со предверемено плаќање на обврските, но и со нови кредити во наредниот период кога потешко ќе се доаѓа до нови задолжувања и кредити. Банките мора да ја задржат својата сигурност и стабилност, зошто после кризата државата ќе се повлече од директната помош на населението и стопанството, и повторно банките ќе бидат тие кои ќе треба да обезбедат нова кредитна подршка на овие сектори... Значи, не е поентата да не се пресметуваат или да се отпишуваат камати и кредити од населението и со тоа да се загрози стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, туку напротив, поентата е да се одржи стабилноста на финансискиот систем за да може тој да им помогне на стопанството и населението во овој кризан период, но и потоа при обновата на стопанските текови“, рече Костов.
А за тоа колку фирмите сакаат да им се одложат кредитните обврски, од банкарскиот еснаф за Фактор велат дека тоа се усогласува од случај до случај, со секој клиент поединечно.
„Во однос на правните лица, понудите се усогласуваат со секој клиент одделно, во зависност од неговите потреби. Притоа, сите наши членки настојуваат максимално да им излезат во пресрет на фирмите засегнати од актуелната состојба, за да им се овозможат полесно да ги надминат потешкотиите предизвикани од шокот предизвикан од пандемијата на коронавирусот“, нагласуваат од МБА.
Оттаму уверуваат дека и понатаму банките и штедилниците максимално ќе се заложат преку своето работење да дадат поддршка за македонската економија, како во периодот на корона-кризата, така и во посткризниот период, придонесувајќи за нејзиното опоравување. Притоа, приоритет ќе биде и континуираното одржување на финансиската стабилност.
Во интервјуто за Фактор Костов обелодени дека во поглед на компниите, Комерцијална банка не објавила јавен повик со општи услови за претпријатијата, туку применила поединечен пристап со кој ги согледува специфичните потреби на секој клиент.
„Од избивањето на кризата, па до 10 април годинава, веќе одобривме измени на договорните услови и им овозможивме некакви олеснувања на компании на вкупен износ на кредитна изложеност во банката од околу 170 милиони евра, или 28 отсто од кредитното портфолио на корпоративниот сектор“, изјави Костов.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





