АКО НЕ НОСИТЕ МАСКА - еве колку пари треба да спремите за казна
Објавено во: Македонија 23 Април, 2020 11:45
Се дозна колку ќе тежат казните доколку граѓаните не носат маски, или за компаниите кои нив нема да им ги обезбедат на работниците за заштита од коронавирусот.
Имено, за физичките лица казната за неносење маска е 20 евра, додека таа изнесува 2.000 евра за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот.
Ова е наведено во Уредбата која вчера ја донела Владата, а која излезе во службен Службен весник и од денеска стапува на сила.
„Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите за обезбедување на заштитина опрема на вработените“, стои во Уредбата.
Личната заштитна опрема за покривање на носот и устата може да биде респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна или свилена марама или шал, бандана и слично.
Секој граѓанин треба да носи лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).
Маски и друга заштита не мора да носат што носат посебна лича заштита при работата, престојува во двор на станбена семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности, патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство или се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метрa од друго лице.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





